Потпри се на младите

Потпри се на младите

Согласно предвидените активности од  проектот Потпри се на младите финансиран од Европската Унија, нашето здружение е задолжено околу  техничката помош при реализација на законската обврска за формирање на локални младински совети во најмалку 3 рурални општини предвидени со член 16  од Законот за младинско учество и младински политики . Со тоа ќе се овозможии организирано младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики.

За таа цел,  во изминатите неколку месеци посетивме  повеќе рурални општини  како Македонски брод, Вевчани,  Ранковце, Липково, Старо Нагоричане, Маврово и други. Во  Македонски брод е веќе формиран младинскиот совет, а се отпочнати активностите во Вевчани и Ранковце.

За подобра идна  соработа со овие општини се потпишани Меморндуми  за соработка  помеѓу општините и Здружението на жени менаџери Елит.

#EUwithYOU

#ЕУсоТЕБЕ

#relyontheyouth#потприсенамладите

ОБУКИ

ОБУКИ

Здружениет на жени менаџери Елит во рамките на проектот „Потри се на младите “ согласно предвидените активности спроведе пет обуки во Полошкиот, Пелагонискиот , Североисточниот и Југозападниот регион на тема:
„Младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјалното претприемништво„

Целта на овие обуки е да постигнеме младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и го подобрат својот капацитет за да можат да се вклучат во заедницата и дадат свој придонес во социјалната локална економија.

Намерата е од обуката да излезат со некаква идеа како се води (социјален)бизнис и како преку него се изразува лидерство и влијание за подобра средина/околина и за подобро опшетство. Исто така, да научат и да се запознаат со овие концепти и поими, но и со себеси, со своите способности, капацитети, желби, таленти, соништа и визии и некои нови вештини .

Обучувачка на овие обуки е Ирена Јакимова, сертифициран обучувач и тренер (коуч) по неколку светски методологии, искусна менаџерка и менторка.
Во својата работа применува методи на NLP Master, Feminine Power Master, executivecocahing (John Mattone), business coaching,feminine leadership (Divine Living Academy),применета психологија, физика, како и знаења од Мастер во бизнис менаџмент.

ПЕТТА ОБУКА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

ПЕТТА ОБУКА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

 На 24.02.2023 година  во Европската Куќа во Крива Паланка ја реализиравме завршната, петта обука  на која професионалната обучувачка Јакимова Ирена им пренесе вештини и даде алатки за менаџирање и лидерството на присутните учесници , а гостинката Марија Дуда даде личен пример како да се отпочне со социјално претприемништво и сонот стане реалност.

ЧЕТВРТА ОБУКА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ЧЕТВРТА ОБУКА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

За младите од Пелагонискиот регион на 16.02.2023г во Битола ја релизиравме четвртата обука во рамките на проектот “Потпри се на младите” кој го спроведуваме заедно со нашите партнери, Јуниор Ачивмент, Рурална Коалиција и Македонската Развојна Фондација на претпријатријата  како носител на проектот.

ТРЕТА ОБУКА ВО СЕВЕРОИСОЧНИОТ РЕГИОН

ТРЕТА ОБУКА ВО СЕВЕРОИСОЧНИОТ РЕГИОН

На 15.02.2023г во Куманово ја одржавме третата обука во рамките на проектот “Потпри се на младите” која како и претходните имаше голем број учесници кои активно се вклучија во обуката особено во делот на презентирањето на нивните идеи за креирање на социјален бизнис предизвика голем интерес кај младите од Северисточниот регион. Претставничка од социјалното претприемништво беше Мариа Дуда која во село Ранковци има основано социјална компанија „The Countryside“

ВТОРА ОБУКА ВО ЈУГОЗАПАНИОТ РЕГИОН

ВТОРА ОБУКА ВО ЈУГОЗАПАНИОТ РЕГИОН

На 09.02.2023 година здружението на жени менаџери Елит успешно ја спроведе втората обука во рамките на европскиот проект”Потпри се на младите во Охрид (Југозападен регион) каде младите се стекнаа со вештини и алатки успешно да се справат со предизвиците во личниот и професионалниот живот во руралните средини

ПРВА ОБУКА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

ПРВА ОБУКА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

На 06.02.2023 година   во Тетово (Полошки регион) се одржа  првата обука за која имашe голем интерес бидејќи темата за менаџмент, лидерство и социјално претприемништво е актуелна и привлечна за  младите .Претставничката од социјалното претприемништво,  Изабела Соколовска од Еснаф даде  конкретен пример за улогата и значењето на овој тип компании во опшествениот живот во земјата

Активности на проектот „Потпри се на младите“

Активности на проектот „Потпри се на младите“

Во рамките на проектот спроведена е информативна кампања и беа оргнизирани 10 инфо сесии во над 20 општини од Пелагонскиот, Југозападениот, Полошкиотиот и Североисточениот регион.

Со цел да се утврдат проблемите и потребите на младите и жените од руралните средини во рамки на проектот „Потпри се на младите„ се реализираше теренско истражување кое опфати спроведување на анкета со 420 млади лица и 10 интервјуа со засегнати страни од 4-те предвидени региони.

Резултатите од теренското истражување за потребите на младите кое беше спроведено од консултантската фирма Стратешки менаџмент системи со поддршка на локалните истражувачи ангажирани од страна на Рурална коалиција беа презентирани на работилниците во сите 4-те планирани региони.

Наскоро целата анализата ќе биде достапна и за пошироката јавност.

Следува период на обуки, како и објавување на повикот за финансиска поддршка на младински иницијативи и младински клубови, па следете не и понатаму.

Проект „Потпри се на младите“

Проектот „Потпри се на младите“ е финансиран од ЕУ и се спроведува од февруари 2022 година, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

Општата цел е подобрување на квалитетот на живот на младите во локалните заедници преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтеризам, а специфичната цел е зголемување на капацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници кои припаѓаат на Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион, преку обезбедување техничка поддршка преку обуки, менторство и финансиска поддршка за нивните идеи. Со проектот ќе бидат поддржани активности насочени кон иновации во локалните заедници и активности кои го подобруваат просперитетот и социјалната економија на локално ниво.

Целна група се младинските заедници во руралните средини од горенаведените региони кои имаат ограничени капацитети и пристап за иницирање иновативни решенија за локални проблеми, мерки кои поддржуваат просперитет, вработување и социјални услуги во рамки на нивните заедници. Посебен фокус е даден на таргетирање на соработката со локалните младински совети и локалните младински клубови.

Со проектот се предвидени следните резултати:

–          Идентификувани модели за вклучување на младите во процесот на давање услуги на руралното население во насока на социјално и економско зајакнување на руралните заедници.

–          Создадена специјализирана програма за обука за активно делување на младите и жените во руралната заедница (давање услуги, развој на меки вештини, бизнис планови за одржливи бизниси и активности кои ќе го подобрат квалитетот на животот во руралната заедница).

–          Најмалку 150 рурални млади и жени со развиени капацитети и вештини за активно вклучување во заедницата како даватели на услуги или основачи на социјални претпријатија.

–          Формиран рурален локален младински совет во најмалку 3 рурални општини во пилот планските региони на работа.

–          Формирани и поддржани најмалку 5 рурални младински клубови со развиени капацитети за младински активизам и креирање на социо-економски иницијативи во руралните заедници.

–          Финансиски поддржани минимум 10 социо-економски иницијативи на Локалните младински клубови и совети со зајакнати организациски капацитети за спроведување на иницијативите.

–          Промовирани позитивни примери и најдобри практики на успешни локални младински акции преку социјалните медиуми.

Главното влијание ќе биде поттикнати, подготвени и поддржани младински иницијативи за подобрен просперитет, социјална економија и иновации во локалната заедница, како и поддржани и операционализирани локални младински совети отворени за иницирање младински иницијативи засновани на локалните потреби.

Проектот е финансиран од Европската Унија и е со времетраење од 24 месеци.