Во фебруари 2021, претставничките на ЕЛИТ одржаа состанок со госпоѓата Татјана Јаниќ Ристевски од Малме, Шведска, која е претставник на ФОРЕТАГАРНА -Федерација на шведски стопанственици и Бизнис центарот во Малме ИКФ. На овој состанок се дискутираше за соработката меѓу овие организации, идните програмски активности и заедничкото учество на европските проекти.