17-то доделување на признанијата на Цветот на успехот-Жена Змај за 2023 година

17-то доделување на признанијата на Цветот на успехот-Жена Змај за 2023 година

На покана на Асоцијасијата на бизнис жени на Србија, на 30 октомври во Белград, претставнички од Здружението на жени менаџери Елит присуствуваа на свечената манифестација по повод нивната 25 годишница и прогласувањето на Цветот на успехот-Жена Змај.

Договорена е поголема соработка и заеднички активноси со нивната Асоцијација.

Избор за ЖЕНА ЛАВИЦА 2023

Избор за ЖЕНА ЛАВИЦА 2023

Оваа година Признанието ЖЕНА ЛАВИЦА за 2023 година е доделено на Проф. д-р Виолета Миленковска, професор на Универзитетот Скопје врз основа на нејзината улога за придонесот во развојот  на образованието, пренесување на менаџерските вештини и знаење на младите , како и заложби за  поттикнуваање и развој на женското претприемништво и лидерство.

Потпри се на младите

Потпри се на младите

Согласно предвидените активности од  проектот Потпри се на младите финансиран од Европската Унија, нашето здружение е задолжено околу  техничката помош при реализација на законската обврска за формирање на локални младински совети во најмалку 3 рурални општини предвидени со член 16  од Законот за младинско учество и младински политики . Со тоа ќе се овозможии организирано младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики.

За таа цел,  во изминатите неколку месеци посетивме  повеќе рурални општини  како Македонски брод, Вевчани,  Ранковце, Липково, Старо Нагоричане, Маврово и други. Во  Македонски брод е веќе формиран младинскиот совет, а се отпочнати активностите во Вевчани и Ранковце.

За подобра идна  соработа со овие општини се потпишани Меморндуми  за соработка  помеѓу општините и Здружението на жени менаџери Елит.

#EUwithYOU

#ЕУсоТЕБЕ

#relyontheyouth#потприсенамладите

На 09.11.2023 год. Здружението на жени менаџери ЕЛИТ одржа трибина на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ на Универзитетот Скопје

На 09.11.2023 год. Здружението на жени менаџери ЕЛИТ одржа трибина на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ на Универзитетот Скопје

Овој охрабрувачки настан е дизајниран исклучиво за жени лидерки како вас/нас, и ветува инспиративно патување кон искористување, зачувување и трансформирање на енергијата во секој аспект од вашиот професионален и личен живот.

Темата ја одразува нашата посветеност за зголемување на знаењето, енергизирање на духот и подигање женските лидерски вештини.

Говорничката Македонка Димитрова од Институтот за одржливост сподели вредни сознанија за тоа како можете да ја оптимизирате употребата на енергија, да ги намалите трошоците и да придонесете за одржлива иднина. Како жени лидерки, имаме единствена можност да ги насочиме нашите организации кон одржливи практики, намалувајќи го влијанието врз животната средина, а истовремено зголемувајќи ја профитабилноста.

Говорничката Ирена Јакимова од Инспирит Коучинг говореше на тема :Личната енергија како ресурс на работното место

Да се откријат методите  и техниките  за ефикасно управување со вашата лична енергија од Вашата благосостојба е клучна за вашето лидерско патување. Во свет каде што барањата за нашето време и енергија можат да бидат немилосрдни, од клучно значење е да научиме како да правиме свесни избори, да ја насочиме нашата енергија кон нашите цели и да се осигуриме дека нема да се исцрпиме себеси во тој процес.

Дека „Животот е чудо “ говореше  Мирјана Марковска од здружението Хоуп која го промовираше ова здружение за поддршка на луѓето со афзија.