БИОГРАФИЈА

Асоцијацијата на жени менаџери “ЕЛИТ“ е невладина, непартиска и независна организација која дејствува во правец на: Омасовување, Поттикнување и Промовирање на женското лидерство во економијата и другите сфери во општеството.

Наша мисија е да придонесеме да се воведат системски мерки кои ќе го зголемат бројот на жените на одлучувачки функции во компаниите,  со што жената ќе стане значаен фактор во македонската економија.

Асоцијацијата е основана на 1-ви Септември 2009 година од страна на 13 основачи, кои се успешни жени од бизнисот од повеќе дејности.
Изборот на новите членови се одвива по пат на менторство при што основен критериум е успехот и лидерските способности кои ги поседуваат.
Асоцијацијата ќе се залага и ќе учествува во сите активности заедно со останатите невладини организации во земјата кои ќе овозможат во Република Македонија да се имплементираат:

  • Правата на жената како човекови права.
  • Еднакво учество на жените пред се во економскиот, а потоа во политичкиот, јавниот и приватниот живот.
  • Економската независност на жената и рамномерната поделба во семејниот живот.

ОПЕРАТИВНА ПРОГРАМА – ЗДРУЖЕНИЕ НА ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ ЕЛИТ СКОПЈЕ

.    

linijaelite

 Е Л И Т – АКРОНИМ“ 

Нашето име ЕЛИТ е акроним составен од следниве поими:

ЕНЕРГИЧНИ – ВО БИЗНИСОТ

ЛИДЕРКИ – ВО БИЗНИСОТ

ИНОВАТИВНИ- ВО БИЗНИСОТ

ТРАНСПАРЕНТНИ – ВО БИЗНИСОТ

linijaelite

.ТОЛКУВАЊЕ НА БОИТЕ

Портокаловата ја комбинира енергијата од црвената и среќата од жолтата. Портокаловата боја претставува ентузијазам, фасцинација, среќа, креативност, решителност, успех, охрабрување и поттикнување.

Зелената е боја на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина. Зелената има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. Таа симболизира стабилност и издржливост.

Светло – сината  е боја на небото. Често, таа асоцира на длабочина и стабилност. Оваа боја симболизира доверба, лојалност, мудрост, самодоверба и интелигенција.

Темно – сината се смета како корисна за телото и умот. Сината е силно поврзана со спокојството и смиреноста. Оваа боја симболизира знаење, моќ и сериозност.

Розевата боја ги комбинира разиграноста и сензибилитетот. Традиционално розевата боја се поврзува со женственоста и нежноста.

linijaelite

LOGO elit logo