Проект „Потпри се на младите“

Проектот „Потпри се на младите“ е финансиран од ЕУ и се спроведува од февруари 2022 година, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

Општата цел е подобрување на квалитетот на живот на младите во локалните заедници преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтеризам, а специфичната цел е зголемување на капацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници кои припаѓаат на Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион, преку обезбедување техничка поддршка преку обуки, менторство и финансиска поддршка за нивните идеи. Со проектот ќе бидат поддржани активности насочени кон иновации во локалните заедници и активности кои го подобруваат просперитетот и социјалната економија на локално ниво.

Целна група се младинските заедници во руралните средини од горенаведените региони кои имаат ограничени капацитети и пристап за иницирање иновативни решенија за локални проблеми, мерки кои поддржуваат просперитет, вработување и социјални услуги во рамки на нивните заедници. Посебен фокус е даден на таргетирање на соработката со локалните младински совети и локалните младински клубови.

Со проектот се предвидени следните резултати:

–          Идентификувани модели за вклучување на младите во процесот на давање услуги на руралното население во насока на социјално и економско зајакнување на руралните заедници.

–          Создадена специјализирана програма за обука за активно делување на младите и жените во руралната заедница (давање услуги, развој на меки вештини, бизнис планови за одржливи бизниси и активности кои ќе го подобрат квалитетот на животот во руралната заедница).

–          Најмалку 150 рурални млади и жени со развиени капацитети и вештини за активно вклучување во заедницата како даватели на услуги или основачи на социјални претпријатија.

–          Формиран рурален локален младински совет во најмалку 3 рурални општини во пилот планските региони на работа.

–          Формирани и поддржани најмалку 5 рурални младински клубови со развиени капацитети за младински активизам и креирање на социо-економски иницијативи во руралните заедници.

–          Финансиски поддржани минимум 10 социо-економски иницијативи на Локалните младински клубови и совети со зајакнати организациски капацитети за спроведување на иницијативите.

–          Промовирани позитивни примери и најдобри практики на успешни локални младински акции преку социјалните медиуми.

Главното влијание ќе биде поттикнати, подготвени и поддржани младински иницијативи за подобрен просперитет, социјална економија и иновации во локалната заедница, како и поддржани и операционализирани локални младински совети отворени за иницирање младински иницијативи засновани на локалните потреби.

Проектот е финансиран од Европската Унија и е со времетраење од 24 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *