Избор на ЖЕНА ЛАВИЦА 2022

Избор на ЖЕНА ЛАВИЦА 2022

На 06.12.2022 се одржа традиционалната мананифестција Избор на ЖЕНА ЛАВИЦА за 2022 година на Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје

На оваа манифестација , претседателката на Здружението Елит даде Извештај за работата и проектните активности на Елит во 2022 година. Беше даден осврт и презентација на европскиот проект „Потпри се на младите“

Врз основа на добиените предлози и гласови , Признанието ЖЕНА ЛАВИЦА за 2022 година го доби Весна Миладинва за нејзината истрајност, инспиративност, посветеност кон сите, хуманост и професиналност во сите полиња од животот.

Жените како Весна го прават животот подобар за сите

Меѓународна конференција на жени лидерки –Балкан проект Г100

Меѓународна конференција на жени лидерки –Балкан проект Г100

Како официјална претставничка на Крилото за комуникација и застапништво на Глобалниот клуб на жени лидерки Г 100 , Ленка Угриновска која е и Претседателка на ЕЛИТна 28 Септември на Универзитетот за туризам и менаџент, Скопје се организираше меѓународна конференција на жени лидерки како дел од Балканскиот проект на Г 100 кој ги опфати Словенија, БИХ, Србија, Косово и Тирана.

Во Глобалниот клуб Г 100 членуваат најистакнатите светски жени лидерки кои се подготвени да го споделат своето знаење и искуство за заедничка цел-подобра иднина за сите. Глобалниот клуб Г 100 има 100 секторски крила и претставнички од сите земји и свои канцеларии во Брисел (ЕУ), Њујорк (ОН), Њу Делхи и Женева.

Во нашата земја , во Крилото за комуникации и застапништво членуваат веќе 40 успешни жени членки лидерки од нашата земја, кои се од различни вери и потекло, различно животно искуство и кариера, но сите имаме иста визија да делуваме локално, преку сопствени иницијативи да го направиме нашето општество подобро место за жените и девојките. Размислуваме глобално-делуваме локално!

Стратегијата на Глобалната мрежа Г 100 за следната деценија е во корелација со целите за одржлив развој на Обединетите Нации, поконкретно целта број пет: Родова еднаквост и еманципација на жените и девојчињата. Во овој контекст членките на глобалната мрежа Г 100 со заеднички сили работат на изнаоѓање на применливи решенија кои ќе овозможат вистинска инклузија и економско и социјално зајакнување на жените и девојчињата ширум светот.

На оваа конференција за улогата на жената во општеството и женското лидерство говореа: Ленка Угриновска, г-ѓа Харбин Арора Реи која е оснивачка на Г100, Даниела Димитриевска , Извршна директорка на Македонскот Женско Лоби и Анета Пешева Сопственчка на УНЕТ ,Претседателка на МАСИТ и Почесен конзул на Канада и

Имаше плодна дискусија , а контактите и вмрежувањето продолжија за време на коктелот.

Проект „ГОЛЕМО СРЦЕ“

Проект „ГОЛЕМО СРЦЕ“

Во чест на нашата Потпреседателка и една од оснивачките на нашето здружение Елит, Олгица Илоска која за жал прерано не напушти од оваа година на денот на нејзиниот роденден 8 фебруари почнуваме традиционално со доделување Благодарница ГОЛЕМО СРЦЕ.

Нашата цел е да ја продолжиме нејзината визија за еден подобар и похуман свет и споделување добрини во нашата земја и пошироко

Нашата Олгица беше жена со силна емоционална топлина, со неверојатно отворен ум и со големо срце и со нејзината енергија не сплотуваше сите нас и несебично се залагаше за почовечни односи меѓу луѓето.

Првиот добитник на оваа Благодарница е Борче Стаменов со проектот „Донирај комјутер“ кој доделувајќи компјутери направи среќни многу деца и младинци и неговата хуманост стана препознатлива во целата земја.

Нашето здружение собра 10 стари компјутери кои му ги дадовме , но и финансиски го поддрживме за купување ИТ опрема за поправка на истите.

Овие 10 компјутери ги дониравме на Здружението на самохрани мајки „Една може“ со што го продолживме циклусот на споделувањето добрини меѓу луѓето .

ЖЕНА ЛАВИЦА за 2021 година

ЖЕНА ЛАВИЦА за 2021 година

На 17.11.2021 се одржа онлајн трибина со цел да го одбележиме Меѓународниот ден на жените претприемачки WED и за ПРВ пат да прогласивме ЖЕНА ЛАВИЦА за 2021 година.

Ова признание ќе стане традиција во наредните години за нашето здружение.

На трибината говореа експерти од областа на женското претприемништво

Ирена Јакимова, професионален обучувач и коуч, со специјалност во јакнење на жените , која се осврна на женската енергија и потенцијал и како тие се искористат за креација и движење на бизнисот и

др, Љубиша Николовски кој има долгогодишно искуство во претприемнишвото и кој покрај другото ги потенцираше различностите на женското и машкото лидерство кое се повеќе станува еднополова професија.

„ ЖЕНА ЛАВИЦА “ прогласена е потпреседателката на ЗЖМ Елит

Мр. Мирјана Марковска– жена НАЈ-лидерка, која дава огромен придонес за јакнење на женското претпремништво и женското лидерствто, висок професиналец и неуморен борец во животот

Проект „Потпри се на младите“

Проектот „Потпри се на младите“ е финансиран од ЕУ и се спроведува од февруари 2022 година, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

Општата цел е подобрување на квалитетот на живот на младите во локалните заедници преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтеризам, а специфичната цел е зголемување на капацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници кои припаѓаат на Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион, преку обезбедување техничка поддршка преку обуки, менторство и финансиска поддршка за нивните идеи. Со проектот ќе бидат поддржани активности насочени кон иновации во локалните заедници и активности кои го подобруваат просперитетот и социјалната економија на локално ниво.

Целна група се младинските заедници во руралните средини од горенаведените региони кои имаат ограничени капацитети и пристап за иницирање иновативни решенија за локални проблеми, мерки кои поддржуваат просперитет, вработување и социјални услуги во рамки на нивните заедници. Посебен фокус е даден на таргетирање на соработката со локалните младински совети и локалните младински клубови.

Со проектот се предвидени следните резултати:

–          Идентификувани модели за вклучување на младите во процесот на давање услуги на руралното население во насока на социјално и економско зајакнување на руралните заедници.

–          Создадена специјализирана програма за обука за активно делување на младите и жените во руралната заедница (давање услуги, развој на меки вештини, бизнис планови за одржливи бизниси и активности кои ќе го подобрат квалитетот на животот во руралната заедница).

–          Најмалку 150 рурални млади и жени со развиени капацитети и вештини за активно вклучување во заедницата како даватели на услуги или основачи на социјални претпријатија.

–          Формиран рурален локален младински совет во најмалку 3 рурални општини во пилот планските региони на работа.

–          Формирани и поддржани најмалку 5 рурални младински клубови со развиени капацитети за младински активизам и креирање на социо-економски иницијативи во руралните заедници.

–          Финансиски поддржани минимум 10 социо-економски иницијативи на Локалните младински клубови и совети со зајакнати организациски капацитети за спроведување на иницијативите.

–          Промовирани позитивни примери и најдобри практики на успешни локални младински акции преку социјалните медиуми.

Главното влијание ќе биде поттикнати, подготвени и поддржани младински иницијативи за подобрен просперитет, социјална економија и иновации во локалната заедница, како и поддржани и операционализирани локални младински совети отворени за иницирање младински иницијативи засновани на локалните потреби.

Проектот е финансиран од Европската Унија и е со времетраење од 24 месеци.

Именување на официјална претставничка

Именување на официјална претставничка

Во јули 2021, престижниот Глобален клуб на жени лидерки Г100, на нашата Претседателка Ленка Угриновска и го додели мандатот на официјална претставничка на крилото за комуникација и застапување за Република Северна Македонија.

Актуелно

Скопје, 03.03.2020

ЗАВРШНА ТРКАЛЕЗНА МАСА

На 03.03.2020 се одржа завршната тркалезна маса на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на која учествуваа истакнати личности во зeмјава носители на раководни функции од деловниот свет , политиката и бизнис заедницата на која беа презентирани Анализата, Извештајот од Проектот и Платформата на жени на одлучувачки позиции. На тркалезната маса како говорнички учествуваа Ѓулумсере Касапи, претседател на Клубот на пратенички при Собранието, Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија и Анета Пешева, претседател на МАСИТ и директор на УНЕТ, додека настанот го отвори Ленка Угриновска од Елит.

Нашата цел ја постигнавме, ја креиравме првата Платформа на жени на оддлучувачки позиции како алатка за вмрежување на жените на управувачки структури во претпријатијата и жените претприемачи, развивме модел со препораки за вклучување на жените во процесот на донесување одлуки, нивната застапеност во управувачките и менаџерските структури на претпријатијата, како и поттикнување на женското претприемаштво. Таа е објавена на нашата веб страна и постојано ќе се надградува, истакна Угриновска.

Анализата и истражувањето од Проектот го презентираше доц.д-р Љубиша Николовски, додека претставникот од Комерцијална банка Љупчо Фармаковски даде посебен осврт на застапеноста на жените во управувачките и менаџеските структури во банкарскиот сектор.Дискусијата беше отворена за сите присутни, при што сите говорнички го презентираа искусуството со родовата застапеност на жените во своите сфери и се потврди значајната улога на жената која може да ја има во македонската економија и политика за подобар општествен живот на сите граѓани во земјата.

Скопје, 01.02.2020

Средби за соработка и поддршка на проектот „Платформа -жени на одлучувачки позиции“

 

Скопје, 07.10.2018

ЕЛИТКИ на Напред Розово, подршка на маршот за кревање на свеста за ракот на дојка

« of 5 »

Белград 29 и 30 Септември 2019

Средба на тема: Стратешко планирање и вмрежување на женски здруженија со Асоцијацијата на деловни жени на Србија – УПЖ, Босна и Херцеговина РАП, IKF MALMO и Асоцијацијата на жени менаџери ЕЛИТ од МАкедонија.

ЕЛИТ е невладина и непартиска независна организација која дејствува во правец на промовирање, поттикнување и зголемување на женското лидерство во економијата и другите сфери на општеството.

Целта на оваа средба е вмрежувањеи заеднички настап на регионални проекти.

 

 

Почитувани наши следбенички/ци,

Доколку сакате да дадете свој придонес за реализација на овој проект и  за поголем број жени на раководни позиции во управните структури, пополнете го Прашалникот:

Прашалник електронски

Упатство за пополнување:

  • Вашиот одговор во прашалникот го правите со едноставно кликнување на соодветното квадратче, при што истото автоматски се означува со Х.
  • Во табелата кај прашањата 9 и 10, каде под а. и б. треба да внесете бројни вредности, само кликнете во делот каде пишува „click here to enter text“ и внесете ја соодветната бројка.
  • Пополнетиот прашалник зачувајте (снимете) го и испратете го на нашата e-mail адреса: elit.macedonia@gmail.com

Ви благодариме однапред!

 

 

Почитувани,

Здружението на жени менаџери  Елит,  Ве поканува  на  трибината  која се организира во Скопје на Универзитето за туризам и менаџмент , Скопје  на 13.03.2018 , со почеток  во 17 часот во рамките на проектот „Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управните и Надзорните одбори во приватните компании во Република Македонија“ кој е  финансиски поддржан од  Министерството за економија  на Р.М.

Досега, во рамките на проектот  се одржани трибини во Гостивар и Штип.

На трибината, експерти и лидерки во својата професија ќе говорат за улогата на жената во нашето општество, за предизвиците и проблемите на кои тие наидуваат во својата професија, како и за  начинот со кој  би се зголеми бројот на жените на одлучувачки позиции.

ТРИБИНА НА ПРОЕКТОТ ВО СКОПЈЕ                     

Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управни и Надзорни одбори во приватните компании во Република Македонија

Датум:        13.03.2018 (вторник)

Локација:   Универзитет за туризам и менаџмент, Бул. Партизански Одреди бр.99, Скопје

 АГЕНДА

16:45-17:00 Регистрација на учесниците
17:00-17:30 Отворање:

Ленка Угриновска – Претседател на Елит,

Проф. Д-р  Виолета Миленковска – Улогата на жената во Р.Македонија

Модератор – Мр. Мирјана Марковска Андревски – Потпреседател на Елит, адвокат, медијатор и арбитер

17:30-17:45 Д-р Маја Штериова – Главен финансов директор на Комерцијална банка и Член на Управен одбор
17:45-18:00 Зоран Витанов-претприемач, консултант
18:00-19:15 Ирена Јакимовска  – Косопственик и Управител на Комфи Ангел ДОО, Прилеп
19.15.-19.45 Комуникација со кафе закуска

 

Радио интервју по повод трибините „Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управните и Надзорните одбори во приватните компании во Република Македонија“ кој е  финансиски поддржан од  Министерството за економија  на Р.М.

 

Во рамки на проектот “Зголемување на бројот на жени во управните и надзорните одбори во приватните компании во РМ” кој е финансиски поддржан од Министерството за Економија се направи анализа и истражување врз база на пополнетите анкетни листови од страна на учесниците на трибините. Резулататите може да ги видите на следниот линк:

Истражување

Жената во економијата и одржливиот развој

Жената во економијата и одржливиот развој

Поддршка на жените – одлучувачи на големи деловни одлуки во различни дејности во претприемништвото и нивниот развој на персоналитет и професионализам со:

  • Воведување системски мерки за поголема застапеност на жени на одлучувачки функции во компаниите.
  • Развивање на менторски систем.
  • Организирање на проекти, семинари, панел дискусии, кампањи за поголемо учество на жените во деловните потфати.
  • Јакнење на менаџерството во сите стопански дејности : едукации, обуки, работилници, добри практики.
  • Зајакнување на економските капацитети на жените.
  • Поттикнување на свеста на жените за поголемо учество во економијата.
  • Градење на локална, регионална и светска мрежа на жени-менаџери за подобрување на деловните контакти и унапредување на економската соработка.
  • Учество на Форуми за жени претприемачи.
  • Организирање Годишен Форум на жени менаџери-лидери од  бизнисот.
  • Партиципација на жени во креирањето на економската политика преку едукација на жените и младата женска популација.
  • Истражување на положбата на жената во економијата и создавање на база на податоци за жените како важен економски ресурс.
  • Поврзување на Здружението со земјите од ЕУ и учество во проектите од сферата на претприемништвото и менаџирањето.
  • Поттикнување на медијаторство кај жените менаџери.

Жената во политичкиот и јавниот живот и државните институции

Жената во политичкиот и јавниот живот и државните институции

Поаѓајќи од фактот дека политиката ја креира економијата и останатите општествени сфери, здружението активно ќе се залага за :

  • Подигнување на нивото на култура за моќта на жените во јавноста.
  • Градење на критична маса на жени лидери во државни институции на позиција во донесување на одлуки.
  • Обуки за партнерски вештини и лидерство во полииката.
  • Развојни програми за жените лидери во политиката и општеството.
  • Зголемување на учеството на жените во креирањето на медиумската политика и полова рамнотежа во раководните структури на сите медиумски нивоа.
  • Градење на капацитети на жени лидери во јавно приватниот дијалог и партнерство.
  • Подобрување на улогата и застапеноста на жените во работнички синдикати и нивна едукација.

Жената и активности во социјалната политика

Жената и активности во социјалната политика

Здружението како дел од мрежата на невладиниот сектор ќе ги помага и поддржува сите иницијативи поврзани со :

  • Истражување насочено кон воочување на основните проблеми и можности за подобрување на положбата на жените на пазарот на труд.
  • Активности во правец на помагање на социјално загрозените жени, преку самовработување.
  • Право на социјална помош, согласно законската регулатива.
  • Правна помош за жените и нејзините загарантирани права.
  • Поддршка на трибини и кампањи за правата на жените.
  • Превземање на активности во поглед на развивање на свеста за еднаквоста на половите и за избегнување на конфликти и алтернативно решавање на споровите од тој вид.
  • Грижа кон жените од руралните области и самохраните мајки.
  • Посебна грижа кон хендикепираните жени и старата женска популација.
  • Поголема здравствена грижа и пристап до квалитетни здравствени заштитни информативни служби.
  • Активности за унапредување на истражувањата за здравјето на жената.
  • Подигнување на свесноста за семејното насилство и пренесување на податоци за болестите кои ги напаѓаат жените.
  • Елиминирање на насилството врз жените во правниот и јавниот живот.