Поаѓајќи од фактот дека политиката ја креира економијата и останатите општествени сфери, здружението активно ќе се залага за :
- Подигнување на нивото на култура за моќта на жените во јавноста.
- Градење на критична маса на жени лидери во државни институции на позиција во донесување на одлуки.
- Обуки за партнерски вештини и лидерство во полииката.
- Развојни програми за жените лидери во политиката и општеството.
- Зголемување на учеството на жените во креирањето на медиумската политика и полова рамнотежа во раководните структури на сите медиумски нивоа.
- Градење на капацитети на жени лидери во јавно приватниот дијалог и партнерство.
- Подобрување на улогата и застапеноста на жените во работнички синдикати и нивна едукација.