
Нашите обуки во медиумите „Редно е да се потпреме на младите во земјава“

Членките на Елит достојно го одбележаа 8-ми март присуствувајќи на многубројни манифестации организирани по овод овој значаен празник кој га симболизира нашата постојана борба за родова еднаквост и човекови права: Наши претставнички имаше на меѓународниот бизнис форум на жени лидерки на Универзитетот Скопје, на Пленарната седница на Клубот на пратенички во Собранието, Црвениот Крст, Панел дискусија во Кабинетот на претседателот оргнизирана од г-ѓа Елизабета Ѓергиеваска и ЖГИ Антико и маршот на жените.
Оваа година, традиционалната награда „ГОЛЕМО СРЦЕ“ нашето здружение Елит ја додели на тимот од домот за бездомници Момин Поток при Црвениот Крст за нивните заложби и посветеност да помогнат на една од најранлиливите грпи ,бездомниците и нивната подадена рака тие да се чуствуваат достоинствено.
Веруваме дека нашате активности , доделување оброк, топла облека, медикаменти, лекарства, средства за лична хигиена и др. на бездомниците предизвика тие барем за момент се чуствуваат среќно и ќе поттикне и другите да го сторат тоа и шират добрини за подобар свет за сите.
Подадете рака за насмевка и среќа!!!
Здружениет на жени менаџери Елит во рамките на проектот „Потри се на младите “ согласно предвидените активности спроведе пет обуки во Полошкиот, Пелагонискиот , Североисточниот и Југозападниот регион на тема:
„Младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјалното претприемништво„
Целта на овие обуки е да постигнеме младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и го подобрат својот капацитет за да можат да се вклучат во заедницата и дадат свој придонес во социјалната локална економија.
Намерата е од обуката да излезат со некаква идеа како се води (социјален)бизнис и како преку него се изразува лидерство и влијание за подобра средина/околина и за подобро опшетство. Исто така, да научат и да се запознаат со овие концепти и поими, но и со себеси, со своите способности, капацитети, желби, таленти, соништа и визии и некои нови вештини .
Обучувачка на овие обуки е Ирена Јакимова, сертифициран обучувач и тренер (коуч) по неколку светски методологии, искусна менаџерка и менторка.
Во својата работа применува методи на NLP Master, Feminine Power Master, executivecocahing (John Mattone), business coaching,feminine leadership (Divine Living Academy),применета психологија, физика, како и знаења од Мастер во бизнис менаџмент.
На 24.02.2023 година во Европската Куќа во Крива Паланка ја реализиравме завршната, петта обука на која професионалната обучувачка Јакимова Ирена им пренесе вештини и даде алатки за менаџирање и лидерството на присутните учесници , а гостинката Марија Дуда даде личен пример како да се отпочне со социјално претприемништво и сонот стане реалност.
За младите од Пелагонискиот регион на 16.02.2023г во Битола ја релизиравме четвртата обука во рамките на проектот “Потпри се на младите” кој го спроведуваме заедно со нашите партнери, Јуниор Ачивмент, Рурална Коалиција и Македонската Развојна Фондација на претпријатријата како носител на проектот.
На 15.02.2023г во Куманово ја одржавме третата обука во рамките на проектот “Потпри се на младите” која како и претходните имаше голем број учесници кои активно се вклучија во обуката особено во делот на презентирањето на нивните идеи за креирање на социјален бизнис предизвика голем интерес кај младите од Северисточниот регион. Претставничка од социјалното претприемништво беше Мариа Дуда која во село Ранковци има основано социјална компанија „The Countryside“
На 09.02.2023 година здружението на жени менаџери Елит успешно ја спроведе втората обука во рамките на европскиот проект”Потпри се на младите во Охрид (Југозападен регион) каде младите се стекнаа со вештини и алатки успешно да се справат со предизвиците во личниот и професионалниот живот во руралните средини
На 06.02.2023 година во Тетово (Полошки регион) се одржа првата обука за која имашe голем интерес бидејќи темата за менаџмент, лидерство и социјално претприемништво е актуелна и привлечна за младите .Претставничката од социјалното претприемништво, Изабела Соколовска од Еснаф даде конкретен пример за улогата и значењето на овој тип компании во опшествениот живот во земјата