Меѓународна конференција на жени лидерки –Балкан проект Г100

Меѓународна конференција на жени лидерки –Балкан проект Г100

Како официјална претставничка на Крилото за комуникација и застапништво на Глобалниот клуб на жени лидерки Г 100 , Ленка Угриновска која е и Претседателка на ЕЛИТна 28 Септември на Универзитетот за туризам и менаџент, Скопје се организираше меѓународна конференција на жени лидерки како дел од Балканскиот проект на Г 100 кој ги опфати Словенија, БИХ, Србија, Косово и Тирана.

Во Глобалниот клуб Г 100 членуваат најистакнатите светски жени лидерки кои се подготвени да го споделат своето знаење и искуство за заедничка цел-подобра иднина за сите. Глобалниот клуб Г 100 има 100 секторски крила и претставнички од сите земји и свои канцеларии во Брисел (ЕУ), Њујорк (ОН), Њу Делхи и Женева.

Во нашата земја , во Крилото за комуникации и застапништво членуваат веќе 40 успешни жени членки лидерки од нашата земја, кои се од различни вери и потекло, различно животно искуство и кариера, но сите имаме иста визија да делуваме локално, преку сопствени иницијативи да го направиме нашето општество подобро место за жените и девојките. Размислуваме глобално-делуваме локално!

Стратегијата на Глобалната мрежа Г 100 за следната деценија е во корелација со целите за одржлив развој на Обединетите Нации, поконкретно целта број пет: Родова еднаквост и еманципација на жените и девојчињата. Во овој контекст членките на глобалната мрежа Г 100 со заеднички сили работат на изнаоѓање на применливи решенија кои ќе овозможат вистинска инклузија и економско и социјално зајакнување на жените и девојчињата ширум светот.

На оваа конференција за улогата на жената во општеството и женското лидерство говореа: Ленка Угриновска, г-ѓа Харбин Арора Реи која е оснивачка на Г100, Даниела Димитриевска , Извршна директорка на Македонскот Женско Лоби и Анета Пешева Сопственчка на УНЕТ ,Претседателка на МАСИТ и Почесен конзул на Канада и

Имаше плодна дискусија , а контактите и вмрежувањето продолжија за време на коктелот.

Проект „ГОЛЕМО СРЦЕ“

Проект „ГОЛЕМО СРЦЕ“

Во чест на нашата Потпреседателка и една од оснивачките на нашето здружение Елит, Олгица Илоска која за жал прерано не напушти од оваа година на денот на нејзиниот роденден 8 фебруари почнуваме традиционално со доделување Благодарница ГОЛЕМО СРЦЕ.

Нашата цел е да ја продолжиме нејзината визија за еден подобар и похуман свет и споделување добрини во нашата земја и пошироко

Нашата Олгица беше жена со силна емоционална топлина, со неверојатно отворен ум и со големо срце и со нејзината енергија не сплотуваше сите нас и несебично се залагаше за почовечни односи меѓу луѓето.

Првиот добитник на оваа Благодарница е Борче Стаменов со проектот „Донирај комјутер“ кој доделувајќи компјутери направи среќни многу деца и младинци и неговата хуманост стана препознатлива во целата земја.

Нашето здружение собра 10 стари компјутери кои му ги дадовме , но и финансиски го поддрживме за купување ИТ опрема за поправка на истите.

Овие 10 компјутери ги дониравме на Здружението на самохрани мајки „Една може“ со што го продолживме циклусот на споделувањето добрини меѓу луѓето .

ЖЕНА ЛАВИЦА за 2021 година

ЖЕНА ЛАВИЦА за 2021 година

На 17.11.2021 се одржа онлајн трибина со цел да го одбележиме Меѓународниот ден на жените претприемачки WED и за ПРВ пат да прогласивме ЖЕНА ЛАВИЦА за 2021 година.

Ова признание ќе стане традиција во наредните години за нашето здружение.

На трибината говореа експерти од областа на женското претприемништво

Ирена Јакимова, професионален обучувач и коуч, со специјалност во јакнење на жените , која се осврна на женската енергија и потенцијал и како тие се искористат за креација и движење на бизнисот и

др, Љубиша Николовски кој има долгогодишно искуство во претприемнишвото и кој покрај другото ги потенцираше различностите на женското и машкото лидерство кое се повеќе станува еднополова професија.

„ ЖЕНА ЛАВИЦА “ прогласена е потпреседателката на ЗЖМ Елит

Мр. Мирјана Марковска– жена НАЈ-лидерка, која дава огромен придонес за јакнење на женското претпремништво и женското лидерствто, висок професиналец и неуморен борец во животот

Именување на официјална претставничка

Именување на официјална претставничка

Во јули 2021, престижниот Глобален клуб на жени лидерки Г100, на нашата Претседателка Ленка Угриновска и го додели мандатот на официјална претставничка на крилото за комуникација и застапување за Република Северна Македонија.

“Зошто франшизата како модел за бизнис”

“Зошто франшизата како модел за бизнис”

Tрета он лајн трибина одржана на 08.11.2021

Франшизата е бизнис модел за проширување на веќе постоечки бизнис или за започнување на нов бизнис со превземање на трговска марка и бренд на некоја компанија која веќе работи со докажан успех.Во услови на пандемија и светска економска криза сакаме како здружение да ги охрабриме и поттикнеме жените да отпочнат свој бизнис користејќи ја франшизата како модел. За тоа што е франшизен модел на бизнис , кои се предностите а кои слабостите на истиот и други интересни информации за франшизата ни презентираше нашата членка,  Доцент д-р Вера Бошковска, од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје која воедно е и Претседател на Здружението  ” Македонkсата асоцијација за франшиза во Македонија “.

Трибината предизвика голем интерес кај учесниците и се разви динамична иинтерактивна дискусија со предлог за уште една трибина на оваа тема и со учесници кои ја практикуват франшизата во својот бизнис

СТРАВОТ КАКО СОПАТНИК- втора онлајн трибина

На 18.05.2021 се одржа втората  онлајн трибина во рамките на нашито проект„Женско лидерство во бизнисот“  на тема СТРАВОТ КАКО СОПАТНИК.

 

Оваа тема е секогаш актуелна, особено сега во време на пандемијата бидејќи стравот е дел од нашиот живот и доколку таа емоција ја направиме наш сојузник, полесно ќе ги совладаме предизвиците во животот и ќе бидеме поуспешни во сите полиња. Сите следбеници на трибината изразија задовоство за истата. Предавачка беше Ирена Јакимова- професионален тренер за личен и деловен  успех, сопственичка на компанијата Инспирит коучинг.

IMG_6427 IMG_6816

НЕВРОМАРКЕТИНГ -прва онлајн трибина во рамките на проектот „Женско лидерство во бизнисот“

Во време на пандемија и брза рапидна дигитализација, темата на оваа трибина некако соодветствува со целата ситуација во која се наоѓа светот. Принудени сме да одиме напред, да се потпреме на технологијата, да се дигитализираме а невромаркетингот претставува  иновативен концепт на применета наука за кој очекуваме наскоро да стане дел од нашето секојдневие. Невромаркетингот  е нова алатка во маркетингиндустријата која им овозможува на компаниите да ги добијат вистинските физиолошки и емотивни реакции од купувачите во врска со нивниот бренд.

image1

Предавачка на првата онлајн трибина во рамките на проектот „Женско лидерство во бизнисот“ која се одржа на 25 март 2021 година,  беше  магистер Јасна Стоимирова Величков, основач на првата лабораторија за невромаркетинг во Македонија.

Нејзиниот образовен пат е навидум многу несекојдневен но и многу логички поврзан. Имено Јасна започнува како дипломиран економист на Универзитетот Оксфорд  каде завршува и магистерски студии од областа на меѓународен менаџмент и почнува да работи како аналитичар во компанија за анализа на трговски пазари. Таа своето образование го насочува кон сегментот потрошувач и го специјализира во индивидуалните реакции, со помош на невромаркетингот на СиБиЕс во данска, од каде што зема и сертификат за работа во полето и на крај, завршува и психологија на Оксфорд.

Ленка Угриновска – интервју во списанието Анторис

Интервју на нашата претседателка Ленка Угриновска за женското лидерство и нашите програмски активности  во списанието Анторис по повод празникот 8 март.

IMG_1020-5-2-2048x1365

 

 

Интервјуто е достапно на следниов линк:

:http://antoris.mk/zenskoto-liderstvo-evolucija-na-zenskiot-kod/

Работна средба со претставник на ФОРЕТАГАРНА -Федерација на шведски стопанственици

Во фебруари  2021, претставничките на ЕЛИТ одржаа состанок со госпоѓата Татјана Јаниќ Ристевски од Малме, Шведска, која е претставник на ФОРЕТАГАРНА -Федерација на шведски стопанственици и Бизнис центарот во Малме ИКФ. На овој состанок се дискутираше за соработката меѓу овие организации,  идните програмски активности и заедничкото учество на европските проекти.

image0

Актуелно

Скопје, 03.03.2020

ЗАВРШНА ТРКАЛЕЗНА МАСА

На 03.03.2020 се одржа завршната тркалезна маса на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на која учествуваа истакнати личности во зeмјава носители на раководни функции од деловниот свет , политиката и бизнис заедницата на која беа презентирани Анализата, Извештајот од Проектот и Платформата на жени на одлучувачки позиции. На тркалезната маса како говорнички учествуваа Ѓулумсере Касапи, претседател на Клубот на пратенички при Собранието, Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија и Анета Пешева, претседател на МАСИТ и директор на УНЕТ, додека настанот го отвори Ленка Угриновска од Елит.

Нашата цел ја постигнавме, ја креиравме првата Платформа на жени на оддлучувачки позиции како алатка за вмрежување на жените на управувачки структури во претпријатијата и жените претприемачи, развивме модел со препораки за вклучување на жените во процесот на донесување одлуки, нивната застапеност во управувачките и менаџерските структури на претпријатијата, како и поттикнување на женското претприемаштво. Таа е објавена на нашата веб страна и постојано ќе се надградува, истакна Угриновска.

Анализата и истражувањето од Проектот го презентираше доц.д-р Љубиша Николовски, додека претставникот од Комерцијална банка Љупчо Фармаковски даде посебен осврт на застапеноста на жените во управувачките и менаџеските структури во банкарскиот сектор.Дискусијата беше отворена за сите присутни, при што сите говорнички го презентираа искусуството со родовата застапеност на жените во своите сфери и се потврди значајната улога на жената која може да ја има во македонската економија и политика за подобар општествен живот на сите граѓани во земјата.

Скопје, 01.02.2020

Средби за соработка и поддршка на проектот „Платформа -жени на одлучувачки позиции“

 

Скопје, 07.10.2018

ЕЛИТКИ на Напред Розово, подршка на маршот за кревање на свеста за ракот на дојка

« of 5 »

Белград 29 и 30 Септември 2019

Средба на тема: Стратешко планирање и вмрежување на женски здруженија со Асоцијацијата на деловни жени на Србија – УПЖ, Босна и Херцеговина РАП, IKF MALMO и Асоцијацијата на жени менаџери ЕЛИТ од МАкедонија.

ЕЛИТ е невладина и непартиска независна организација која дејствува во правец на промовирање, поттикнување и зголемување на женското лидерство во економијата и другите сфери на општеството.

Целта на оваа средба е вмрежувањеи заеднички настап на регионални проекти.

 

 

Почитувани наши следбенички/ци,

Доколку сакате да дадете свој придонес за реализација на овој проект и  за поголем број жени на раководни позиции во управните структури, пополнете го Прашалникот:

Прашалник електронски

Упатство за пополнување:

  • Вашиот одговор во прашалникот го правите со едноставно кликнување на соодветното квадратче, при што истото автоматски се означува со Х.
  • Во табелата кај прашањата 9 и 10, каде под а. и б. треба да внесете бројни вредности, само кликнете во делот каде пишува „click here to enter text“ и внесете ја соодветната бројка.
  • Пополнетиот прашалник зачувајте (снимете) го и испратете го на нашата e-mail адреса: elit.macedonia@gmail.com

Ви благодариме однапред!

 

 

Почитувани,

Здружението на жени менаџери  Елит,  Ве поканува  на  трибината  која се организира во Скопје на Универзитето за туризам и менаџмент , Скопје  на 13.03.2018 , со почеток  во 17 часот во рамките на проектот „Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управните и Надзорните одбори во приватните компании во Република Македонија“ кој е  финансиски поддржан од  Министерството за економија  на Р.М.

Досега, во рамките на проектот  се одржани трибини во Гостивар и Штип.

На трибината, експерти и лидерки во својата професија ќе говорат за улогата на жената во нашето општество, за предизвиците и проблемите на кои тие наидуваат во својата професија, како и за  начинот со кој  би се зголеми бројот на жените на одлучувачки позиции.

ТРИБИНА НА ПРОЕКТОТ ВО СКОПЈЕ                     

Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управни и Надзорни одбори во приватните компании во Република Македонија

Датум:        13.03.2018 (вторник)

Локација:   Универзитет за туризам и менаџмент, Бул. Партизански Одреди бр.99, Скопје

 АГЕНДА

16:45-17:00 Регистрација на учесниците
17:00-17:30 Отворање:

Ленка Угриновска – Претседател на Елит,

Проф. Д-р  Виолета Миленковска – Улогата на жената во Р.Македонија

Модератор – Мр. Мирјана Марковска Андревски – Потпреседател на Елит, адвокат, медијатор и арбитер

17:30-17:45 Д-р Маја Штериова – Главен финансов директор на Комерцијална банка и Член на Управен одбор
17:45-18:00 Зоран Витанов-претприемач, консултант
18:00-19:15 Ирена Јакимовска  – Косопственик и Управител на Комфи Ангел ДОО, Прилеп
19.15.-19.45 Комуникација со кафе закуска

 

Радио интервју по повод трибините „Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управните и Надзорните одбори во приватните компании во Република Македонија“ кој е  финансиски поддржан од  Министерството за економија  на Р.М.

 

Во рамки на проектот “Зголемување на бројот на жени во управните и надзорните одбори во приватните компании во РМ” кој е финансиски поддржан од Министерството за Економија се направи анализа и истражување врз база на пополнетите анкетни листови од страна на учесниците на трибините. Резулататите може да ги видите на следниот линк:

Истражување