Во рамките на повегодишниот проект „Женско лидерство во бизнисот“ на 28.10 2026 година во месецот на менталното здравје ја одржавме трибината :
„СИЛНА СУМ, АМА ДАЛИ СУМ ДОБРО?“
Жената помеѓу очекувањата, одговорностите и грижата за себе
ЕЛИТ отвори важен разговор за поврзаноста меѓу менталното и физичкото здравје на жената, за последиците од постојаниот психолошки притисок, и за важноста на превенцијата, навремената медицинска грижа и поддршката
Нашите говорници беа тројца еминентни стручни лица,
проф. д-р Фросина Денкова Зафировска .психолог
проф. д-р Софија Геориевска Универзитетска професорка, психолог и
проф. д-р Иван Барбов,специјалист невролог од универзитетска Клиника за неврологија
Преку нивните излагање и отворениот дијалог со многуте присутни добивме сознанија како да ги препознаеме сопствените граници, да побараме помош без чувство на вина и да научиме дека грижата за себе не е себичност, туку потреба
Силната жена не е онаа што никогаш не се заморува, туку и онаа што знае кога е време да се погрижи за себе.
ЕЛИТ – за жена која не само што постигнува, туку и се грижи за себе.









