ЕКОНОМСКИ ФОРУМ НА…
Скопје, 2-3 октомври 2024 година, хотел Мериот Економскиот Форум…
Елит има своја интересна приказна која говори за нашето опстојување на овие простори бидејќи алката на нашето здружение отпочна со дружба.
Во далечната 2005, нашата претседателка Ленка Угриновска, како вработена во Министерството за економија организираше еден бизнис форум на успешни жени претприемачки во Шведска, Малме каде имавме учеснички од земјите на Југоисточна Европа. Нашата делегација беше прогласена за најуспешна на Форумот и откако се вративме нашето дружење продолжи повеќе години во Скопје, Охрид, Штип, Париз и Истанбул. Сите жени од различни области беа успешни лидерки во својата професија и се создаде заедничка желба нашата дружба да ја насочиме кон мотивирање и потткнување на другите жени да се одважат, охрабрат и станат одлучувачки фактор во компаниите. Бевме првиот ветер кај нас кој сакаше да донесе промени во македонската економија за жените да го најдат своето место и придонесат за подобар живот за сите.
Во 2009 година го основавме нашето здружение на жени менаџери Елит.
Асоцијацијата на жени менаџери “ЕЛИТ“ е невладина, непартиска и независна организација која дејствува во правец на: Омасовување, Поттикнување и Промовирање на женското лидерство во економијата и другите сфери во општеството.
Наша мисија е да придонесеме да се воведат системски мерки кои ќе го зголемат бројот на жените на одлучувачки функции во компаниите, со што жената ќе стане значаен фактор во македонската економија.
Асоцијацијата е основана на 1-ви Септември 2009 година од страна на 13 основачи, кои се успешни жени од бизнисот од повеќе дејности.
Изборот на новите членови се одвива по пат на менторство при што основен критериум е успехот и лидерските способности кои ги поседуваат.
Асоцијацијата ќе се залага и ќе учествува во сите активности заедно со останатите невладини организации во земјата кои ќе овозможат во Република Македонија да се имплементираат:
ЕНЕРГИЧНИ – ВО БИЗНИСОТ
ЛИДЕРКИ – ВО БИЗНИСОТ
ИНОВАТИВНИ- ВО БИЗНИСОТ
ТРАНСПАРЕНТНИ – ВО БИЗНИСОТ
Портокаловата ја комбинира енергијата од црвената и среќата од жолтата. Портокаловата боја претставува ентузијазам, фасцинација, среќа, креативност, решителност, успех, охрабрување и поттикнување.
Зелената е боја на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина. Зелената има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. Таа симболизира стабилност и издржливост.
Светло – сината е боја на небото. Често, таа асоцира на длабочина и стабилност. Оваа боја симболизира доверба, лојалност, мудрост, самодоверба и интелигенција.
Темно – сината се смета како корисна за телото и умот. Сината е силно поврзана со спокојството и смиреноста. Оваа боја симболизира знаење, моќ и сериозност.
Розевата боја ги комбинира разиграноста и сензибилитетот. Традиционално розевата боја се поврзува со женственоста и нежноста.
Омасовување, Поттикнување и Промовирање на женското лидерство во економијата и другите сфери во општеството
Скопје, 2-3 октомври 2024 година, хотел Мериот Економскиот Форум…
Членките на Здружението на жени менаџерки „Елит“ ја заокружија…
17-22 октомври 2024 На покана на глобалната претседавачка на Г100…
ул.„Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје
elit.macedonia@gmail.com
Здружение на жени менаџери „ЕЛИТ“
Скопје ЕМБС 6525180