Јавен Повик бр. 01/ПОМ/2022/ЕЛ – Ангажман на стручен соработник/чка (физичко лице) за подготовка на информативен материјал – Инфо пакет (info pack)

Предмет: Јавен Повик бр. 01/ПОМ/2022/ЕЛ – Ангажман на стручен соработник/чка (физичко лице) за подготовка на информативен материјал – Инфо пакет (info pack)

Здружението на жени менаџери – ЕЛИТ  како нарачател, за потребите на проектот „Потпри се на младите“ објавува повик за:

  • ангажман на соработник/чка за подготовка на информативен материјал Инфо пакет – (info pack) за единиците на локалната самоуправа и бизнисите во руралните средини опфатени со проектот Потпри се на младите.

Опис на барањето:

Материјалот за инфо пакетот треба да биде развиен во консултации со нарачателот и согласно Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија бр.10/20) и извештајот од истражувањето спроведено преку проектот “Потпри се на младите“: “Потреби на младите и жените од руралните средини“ (достапен за слободно преземање од веб страницата на ЕЛИТ: http://elite-awm.mk). Материјалот треба  вклучува и насоки за формирање на Локални Младински Совети во руралните општини од Полошкиот, Североисточниот, Пелагонискиот и Југозападниот плански регион во Македонија, како таргетирани региони на проектот.

Инфо пакетот ќе служи како повик за акција за локалната самоуправа и локалните бизниси, за препознавање на потребите и улогата на младите луѓе од нивната локална заедница и локалните младински совети како форма за вклучување на младите луѓе во процесите на донесување одлуки.

Обемот на работниот материјал треба да изнесува 16 стандардни страни (1800 карактери со празни места во страна).

Сите заинтересирани физички лица за овој повик треба да достават:

Професионална биографија (CV) и

Финансиска понуда (образецот е даден како прилог на повикот)

Критериуми за избор на најповолна понуда

Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најдобра вредност (сооднос на цена/квалитет).

Очекувани резултати

Развиен информативен материјал во обем од 16 стандардни страни (1800 карактери со празни места во страна).

Начин и рок на доставување на понудите

Краен рок за достава на понудата е 26 декември 2022 година до 17:00 часот.

Понудите се поднесуваат потпишани, во хартиена копија, на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 01/ПОМ/2022/ЕЛ”.

Лице за контакт е Срна Мајсторовиќ, телефон 078 441 811

Преземи повик

Извештај за потребите на младите и жените од руралните средини