Јавен Повик бр. 02/ПОМ/2022/ЕЛ – Ангажман на графички дизајнер/ка (физичко лице) за дизајн и подготовка за печат на информативен материјал – Инфо пакет (info pack)

Здружението на жени менаџери – ЕЛИТ  како нарачател, за потребите на проектот „Потпри се на младите“ објавува повик за:

  • Ангажман на графички дизајнер/ка (физичко лице) за дизајн и подготовка за печат на информативен материјал – Инфо пакет (info pack).

Опис на барањето:

Инфо пакетот ќе служи како повик за акција за локалната самоуправа и локалните бизниси, за препознавање на потребите и улогата на младите луѓе од нивната локална заедница и локалните младински совети како форма за вклучување на младите луѓе во процесите на донесување одлуки.

За таа цел, графичката обработка и подготовката за печат на материјалот за инфо пакетот треба да биде подготвен во координација со нарачателот и на едноставен и визуелно привлечен начин да ги претстави подготвените текстуални информации. Во изработка на дизајнот задолжително треба да се следат правилата за видливост дефинирани од Европската Унија како финансиер на проектот „Потпри се на младите“. (https://wikis.ec.europa.eu/display/ExactExternalWiki/ePRAG)

Обемот на текстуалниот работен материјал изнесува 16 стандардни страни (1800 карактери со празни места во страна). Конечниот формат на материјалот треба да биде 20 страни (16 + корица) во А5 формат со маркици за обрез. 

Од графичкиот дизајнер покрај обработка на текстот, се очекува и графичка обработка на 4 пре-генерирани графикони и изработка на 2 инфо-графици според дадени податоци. Фотографиите кои ќе се користат во Инфо пакетот се во сопственост на нарачателот и партнерите во проектот.

Сите заинтересирани физички лица за овој повик треба да достават:

Професионална биографија (CV) и

Финансиска понуда (образецот е даден како прилог на повикот)

Критериуми за избор на најповолна понуда

Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најдобра вредност (сооднос на цена/квалитет).

Начин и рок на доставување на понудите

Краен рок за достава на понудата е 4 Јануари 2023 година до 17:00 часот.

Понудите се поднесуваат потпишани, во хартиена копија, на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 02/ПОМ/2022/ЕЛ”.

Лице за контакт е Срна Мајсторовиќ, телефон 078 441 811

Преземи повик