Потпри се на младите

Потпри се на младите

Согласно предвидените активности од  проектот Потпри се на младите финансиран од Европската Унија, нашето здружение е задолжено околу  техничката помош при реализација на законската обврска за формирање на локални младински совети во најмалку 3 рурални општини предвидени со член 16  од Законот за младинско учество и младински политики . Со тоа ќе се овозможии организирано младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики.

За таа цел,  во изминатите неколку месеци посетивме  повеќе рурални општини  како Македонски брод, Вевчани,  Ранковце, Липково, Старо Нагоричане, Маврово и други. Во  Македонски брод е веќе формиран младинскиот совет, а се отпочнати активностите во Вевчани и Ранковце.

За подобра идна  соработа со овие општини се потпишани Меморндуми  за соработка  помеѓу општините и Здружението на жени менаџери Елит.

#EUwithYOU

#ЕУсоТЕБЕ

#relyontheyouth#потприсенамладите

Покана за учество на јавен повик 04/ПОМ/2023/ЕЛ за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување

ПОКАНА

за учество на јавен повик 04/ПОМ/2023/ЕЛ за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување.

ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје, ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување. Предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на проектот „Потпри се на младите“ за потребите на младите од руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југоисточниот и Северозападниот плански регион. По изготвување на програмата за обуката, понудувачот треба да спроведе 5 еднодневни обуки организирани во координација со проектниот тим.

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација, односно:

  • Универзитетско образование или најмалку 5 (пет) години над генералното професионално искуство (поседување на стекнато повисоко универзитетско образование, магистерски или докторски студии, ќе се смета за предност);
  • Генерално професионално искуство:
    • Минимум три (3) години искуство во креирање на програми за обука и/или држење на обуки и работилници;
    • Специфично професионално искуство:
    • Минимум три (3) спроведени обуки од област слична на наведената (предност ќе имаат понудувачите кои имаат искуство со испорака на обуки за развој на лидерски и менаџерски вештини и социјално претприемништво);

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот резултат е февруари -март 2023 година. Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1)

Рокот за доставување на понудите е 30.01.2023 година.

Понудите се поднесуваат во хартиена копија, на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 04/ПОМ/2023/ЕЛ”.

Постапката за избор се спроведува во рамките на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како носечки партнер и Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери како ко-партнери.

Бр. 04/ПОМ/2023/ЕЛ

Скопје, 24.01.2023 година

Преземи документација

“Зошто франшизата како модел за бизнис”

“Зошто франшизата како модел за бизнис”

Tрета он лајн трибина одржана на 08.11.2021

Франшизата е бизнис модел за проширување на веќе постоечки бизнис или за започнување на нов бизнис со превземање на трговска марка и бренд на некоја компанија која веќе работи со докажан успех.Во услови на пандемија и светска економска криза сакаме како здружение да ги охрабриме и поттикнеме жените да отпочнат свој бизнис користејќи ја франшизата како модел. За тоа што е франшизен модел на бизнис , кои се предностите а кои слабостите на истиот и други интересни информации за франшизата ни презентираше нашата членка,  Доцент д-р Вера Бошковска, од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје која воедно е и Претседател на Здружението  ” Македонkсата асоцијација за франшиза во Македонија “.

Трибината предизвика голем интерес кај учесниците и се разви динамична иинтерактивна дискусија со предлог за уште една трибина на оваа тема и со учесници кои ја практикуват франшизата во својот бизнис

СТРАВОТ КАКО СОПАТНИК- втора онлајн трибина

На 18.05.2021 се одржа втората  онлајн трибина во рамките на нашито проект„Женско лидерство во бизнисот“  на тема СТРАВОТ КАКО СОПАТНИК.

 

Оваа тема е секогаш актуелна, особено сега во време на пандемијата бидејќи стравот е дел од нашиот живот и доколку таа емоција ја направиме наш сојузник, полесно ќе ги совладаме предизвиците во животот и ќе бидеме поуспешни во сите полиња. Сите следбеници на трибината изразија задовоство за истата. Предавачка беше Ирена Јакимова- професионален тренер за личен и деловен  успех, сопственичка на компанијата Инспирит коучинг.

IMG_6427 IMG_6816

НЕВРОМАРКЕТИНГ -прва онлајн трибина во рамките на проектот „Женско лидерство во бизнисот“

Во време на пандемија и брза рапидна дигитализација, темата на оваа трибина некако соодветствува со целата ситуација во која се наоѓа светот. Принудени сме да одиме напред, да се потпреме на технологијата, да се дигитализираме а невромаркетингот претставува  иновативен концепт на применета наука за кој очекуваме наскоро да стане дел од нашето секојдневие. Невромаркетингот  е нова алатка во маркетингиндустријата која им овозможува на компаниите да ги добијат вистинските физиолошки и емотивни реакции од купувачите во врска со нивниот бренд.

image1

Предавачка на првата онлајн трибина во рамките на проектот „Женско лидерство во бизнисот“ која се одржа на 25 март 2021 година,  беше  магистер Јасна Стоимирова Величков, основач на првата лабораторија за невромаркетинг во Македонија.

Нејзиниот образовен пат е навидум многу несекојдневен но и многу логички поврзан. Имено Јасна започнува како дипломиран економист на Универзитетот Оксфорд  каде завршува и магистерски студии од областа на меѓународен менаџмент и почнува да работи како аналитичар во компанија за анализа на трговски пазари. Таа своето образование го насочува кон сегментот потрошувач и го специјализира во индивидуалните реакции, со помош на невромаркетингот на СиБиЕс во данска, од каде што зема и сертификат за работа во полето и на крај, завршува и психологија на Оксфорд.

Ленка Угриновска – интервју во списанието Анторис

Интервју на нашата претседателка Ленка Угриновска за женското лидерство и нашите програмски активности  во списанието Анторис по повод празникот 8 март.

IMG_1020-5-2-2048x1365

 

 

Интервјуто е достапно на следниов линк:

:http://antoris.mk/zenskoto-liderstvo-evolucija-na-zenskiot-kod/

Работна средба со претставник на ФОРЕТАГАРНА -Федерација на шведски стопанственици

Во фебруари  2021, претставничките на ЕЛИТ одржаа состанок со госпоѓата Татјана Јаниќ Ристевски од Малме, Шведска, која е претставник на ФОРЕТАГАРНА -Федерација на шведски стопанственици и Бизнис центарот во Малме ИКФ. На овој состанок се дискутираше за соработката меѓу овие организации,  идните програмски активности и заедничкото учество на европските проекти.

image0