Поддршка на жените – одлучувачи на големи деловни одлуки во различни дејности во претприемништвото и нивниот развој на персоналитет и професионализам со:
- Воведување системски мерки за поголема застапеност на жени на одлучувачки функции во компаниите.
- Развивање на менторски систем.
- Организирање на проекти, семинари, панел дискусии, кампањи за поголемо учество на жените во деловните потфати.
- Јакнење на менаџерството во сите стопански дејности : едукации, обуки, работилници, добри практики.
- Зајакнување на економските капацитети на жените.
- Поттикнување на свеста на жените за поголемо учество во економијата.
- Градење на локална, регионална и светска мрежа на жени-менаџери за подобрување на деловните контакти и унапредување на економската соработка.
- Учество на Форуми за жени претприемачи.
- Организирање Годишен Форум на жени менаџери-лидери од бизнисот.
- Партиципација на жени во креирањето на економската политика преку едукација на жените и младата женска популација.
- Истражување на положбата на жената во економијата и создавање на база на податоци за жените како важен економски ресурс.
- Поврзување на Здружението со земјите од ЕУ и учество во проектите од сферата на претприемништвото и менаџирањето.
- Поттикнување на медијаторство кај жените менаџери.