На покана на Асоцијасијата на бизнис жени на Србија, на 30 октомври во Белград, претставнички од Здружението на жени менаџери Елит присуствуваа на свечената манифестација по повод нивната 25 годишница и прогласувањето на Цветот на успехот-Жена Змај.
Договорена е поголема соработка и заеднички активноси со нивната Асоцијација.
Оваа година Признанието ЖЕНА ЛАВИЦА за 2023 година е доделено на Проф. д-р Виолета Миленковска, професор на Универзитетот Скопје врз основа на нејзината улога за придонесот во развојот на образованието, пренесување на менаџерските вештини и знаење на младите , како и заложби за поттикнуваање и развој на женското претприемништво и лидерство.
Согласно предвидените активности од проектот Потпри се на младите финансиран од Европската Унија, нашето здружение е задолжено околу техничката помош при реализација на законската обврска за формирање на локални младински совети во најмалку 3 рурални општини предвидени со член 16 од Законот за младинско учество и младински политики . Со тоа ќе се овозможии организирано младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики.
За таа цел, во изминатите неколку месеци посетивме повеќе рурални општини како Македонски брод, Вевчани, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане, Маврово и други. Во Македонски брод е веќе формиран младинскиот совет, а се отпочнати активностите во Вевчани и Ранковце.
За подобра идна соработа со овие општини се потпишани Меморндуми за соработка помеѓу општините и Здружението на жени менаџери Елит.
Овој охрабрувачки настан е дизајниран исклучиво за жени лидерки како вас/нас, и ветува инспиративно патување кон искористување, зачувување и трансформирање на енергијата во секој аспект од вашиот професионален и личен живот.
Темата ја одразува нашата посветеност за зголемување на знаењето, енергизирање на духот и подигање женските лидерски вештини.
Говорничката Македонка Димитрова од Институтот за одржливост сподели вредни сознанија за тоа како можете да ја оптимизирате употребата на енергија, да ги намалите трошоците и да придонесете за одржлива иднина. Како жени лидерки, имаме единствена можност да ги насочиме нашите организации кон одржливи практики, намалувајќи го влијанието врз животната средина, а истовремено зголемувајќи ја профитабилноста.
Говорничката Ирена Јакимова од Инспирит Коучинг говореше на тема :Личната енергија како ресурс на работното место
Да се откријат методите и техниките за ефикасно управување со вашата лична енергија од Вашата благосостојба е клучна за вашето лидерско патување. Во свет каде што барањата за нашето време и енергија можат да бидат немилосрдни, од клучно значење е да научиме како да правиме свесни избори, да ја насочиме нашата енергија кон нашите цели и да се осигуриме дека нема да се исцрпиме себеси во тој процес.
Дека „Животот е чудо “ говореше Мирјана Марковска од здружението Хоуп која го промовираше ова здружение за поддршка на луѓето со афзија.