Покана за учество на јавен повик 04/ПОМ/2023/ЕЛ за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување

ПОКАНА

за учество на јавен повик 04/ПОМ/2023/ЕЛ за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување.

ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје, ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување. Предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на проектот „Потпри се на младите“ за потребите на младите од руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југоисточниот и Северозападниот плански регион. По изготвување на програмата за обуката, понудувачот треба да спроведе 5 еднодневни обуки организирани во координација со проектниот тим.

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација, односно:

  • Универзитетско образование или најмалку 5 (пет) години над генералното професионално искуство (поседување на стекнато повисоко универзитетско образование, магистерски или докторски студии, ќе се смета за предност);
  • Генерално професионално искуство:
    • Минимум три (3) години искуство во креирање на програми за обука и/или држење на обуки и работилници;
    • Специфично професионално искуство:
    • Минимум три (3) спроведени обуки од област слична на наведената (предност ќе имаат понудувачите кои имаат искуство со испорака на обуки за развој на лидерски и менаџерски вештини и социјално претприемништво);

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот резултат е февруари -март 2023 година. Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1)

Рокот за доставување на понудите е 30.01.2023 година.

Понудите се поднесуваат во хартиена копија, на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 04/ПОМ/2023/ЕЛ”.

Постапката за избор се спроведува во рамките на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како носечки партнер и Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери како ко-партнери.

Бр. 04/ПОМ/2023/ЕЛ

Скопје, 24.01.2023 година

Преземи документација

Јавен повик 03/ПОМ/2023/ЕЛ – Барање понуди за печатење на информативен материјал – брошура (info pack)

Предмет: Јавен повик 03/ПОМ/2023/ЕЛ – Барање понуди за печатење на информативен материјал – брошура (info pack)

Здружението на жени менаџери – ЕЛИТ за потребите на проектот „Потпри се на младите“ Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуга за:

печатење на информативен материјал – инфо пакет (info pack) со следнава техничка спецификација:

Формат А5; Страни 16+4; Боја 4/4; Хартија 115 гр кунздрук мат внатрешен дел, 170 гр кунздрук мат корица;

Доработка: Бигување, Кламирање, Пластификат на корица.

Тираж 1000 парчиња

Критериуми за избор на најповолна понуда

Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најниска цена.  

Начин и рок на доставување на понудите

Понудите задолжително треба да го следат образецот во Прилог 1. на ова Барање за понуда.

Краен рок за достава на понудата е 16 јануари 2022 година до 17:00 часот.

Понудите се поднесуваат во хартиена копија на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 03/ПОМ/2023/ЕЛ”.

Лице за контакт е Срна Мајсторовиќ, телефон 078 441 811.

Забелешка

  • Проектот „Потпри се на младите“ е финансиран од ЕУ и е ослободен од данокот на додадена вредност (ДДВ). Затоа, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни. Набавувачот е должен на понудувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект и Решението за регистрација на даночен обврзник. Понудувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.

Преземи повик