“БРИЛИЈАНТЕН ПРЕТПРИЕМАЧ“

Холандски проект со динамична содржина воден од страна на жени, за жени претприемачи кои водат средни бизниси во целиот свет со крајна цел да се воведе менторски систем. Холандската амбасада во Република Македонија заедно со носители на “Брилијантен Претприемач“ ги одбраа Олгица Илоска, Силвана Пендовска и Гордана Зрињи, наши оснивачи да бидат дел од оваа шестмесечна програма, која се базира на индивидуалниот талент на секоја жена претприемач и нуди интензивна обука, matchmaking и техничка поддршка во бизнис иновации. Во процесот на менторирање, нашите оснивачи ги споделуваа своите знаења и како искусни професионалци ги поставуваа темелите за идни иницијативи за јакнење на капацитетите кај жените.

2jpg