ПОКАНА
за учество на јавен повик 04/ПОМ/2023/ЕЛ за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување

20 јануари 2023 година

ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје, ги поканува сите заинтересирани физички лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на прилагодена програма за еднодневна обука наменета за младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјално претприемништво и нејзино спроведување. Предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на проектот „Потпри се на младите“ за потребите на младите од руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југоисточниот и Северозападниот плански регион. По изготвување на програмата за обуката, понудувачот треба да спроведе 5 еднодневни обуки организирани во координација со проектниот тим. 

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација, односно:

  • Универзитетско образование или најмалку 5 (пет) години над генералното професионално искуство (поседување на стекнато повисоко универзитетско образование, магистерски или докторски студии, ќе се смета за предност);
  • – Генерално професионално искуство:
  • Минимум три (3) години искуство во креирање на програми за обука и/или држење на обуки и работилници;
  • Специфично професионално искуство:
  • Минимум три (3) спроведени обуки од област слична на наведената (предност ќе имаат понудувачите кои имаат искуство со испорака на обуки за развој на лидерски и менаџерски вештини и социјално претприемништво);

Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот резултат е февруари -март 2023 година. Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана. (Прилог 1)

Рокот за доставување на понудите е 26.01.2023 година.  

Понудите се поднесуваат во хартиена копија, на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 04/ПОМ/2023/ЕЛ”.

Постапката за избор се спроведува во рамките на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како носечки партнер и Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери како ко-партнери.

ПОКАНА-ИНСТРУКЦИИ-ПРИЛОГ 1-ОПИС НА НАДЛЕЖНОСТИ


Download

ПРИЛОГ-2-ЛИСТА-НА-ДОВЕРЛИВИ-ИНФОРМАЦИИ


Download

ПРИЛОГ-3-ИЗЈАВА-ЗА-НЕЗАВИСНА-ПОНУДА


Download

ПРИЛОГ-4-ПРЕГЛЕД-НА-РЕАЛИЗИРАНИ-ПРОЕКТИ-УСЛУГИ


Download

ПРИЛОГ-5-ОРГАНИЗАЦИЈА-И-МЕТОДОЛОГИЈА-ЗА-ОБЕЗБЕДУВАЊЕ-НА-ОЧЕКУВАНИТЕ-УСЛУГИ


Download

ПРИЛОГ-6-ФИНАНСИСКА-ПОНУДА


Download

 

Предмет: Јавен повик 03/ПОМ/2023/ЕЛ – Барање понуди за печатење на информативен материјал – брошура (info pack)

09 јануари 2023 година 

Здружението на жени менаџери – ЕЛИТ за потребите на проектот „Потпри се на младите“ Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуга за:

печатење на информативен материјал – инфо пакет (info pack) со следнава техничка спецификација:

Формат А5; Страни 16+4; Боја 4/4; Хартија 115 гр кунздрук мат внатрешен дел, 170 гр кунздрук мат корица;

Доработка:

Бигување, Кламирање, Пластификат на корица.

Тираж 1000 парчиња

Критериуми за избор на најповолна понуда

Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најниска цена.  

Начин и рок на доставување на понудите

Понудите задолжително треба да го следат образецот во Прилог 1. на ова Барање за понуда.

Краен рок за достава на понудата е 16 јануари 2022 година до 12:00 часот.

Понудите се поднесуваат во хартиена копија на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 03/ПОМ/2023/ЕЛ”.

Лице за контакт е Срна Мајсторовиќ, телефон 078 441 811.

Забелешка

  • Проектот „Потпри се на младите“ е финансиран од ЕУ и е ослободен од данокот на додадена вредност (ДДВ). Затоа, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни. Набавувачот е должен на понудувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект и Решението за регистрација на даночен обврзник. Понудувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.

Baranje-za-ponudi-za pecatenje

Download

 

Предмет: Јавен Повик бр. 02/ПОМ/2022/ЕЛ – Ангажман на графички дизајнер/ка (физичко лице) за дизајн и подготовка за печат на информативен материјал – Инфо пакет (info pack)

26 декември 2022 година 

Здружението на жени менаџери – ЕЛИТ  како нарачател, за потребите на проектот „Потпри се на младите“ објавува повик за:

  • Ангажман на графички дизајнер/ка (физичко лице) за дизајн и подготовка за печат на информативен материјал – Инфо пакет (info pack).

Опис на барањето:

Инфо пакетот ќе служи како повик за акција за локалната самоуправа и локалните бизниси, за препознавање на потребите и улогата на младите луѓе од нивната локална заедница и локалните младински совети како форма за вклучување на младите луѓе во процесите на донесување одлуки.

За таа цел, графичката обработка и подготовката за печат на материјалот за инфо пакетот треба да биде подготвен во координација со нарачателот и на едноставен и визуелно привлечен начин да ги претстави подготвените текстуални информации. Во изработка на дизајнот задолжително треба да се следат правилата за видливост дефинирани од Европската Унија како финансиер на проектот „Потпри се на младите“. (https://wikis.ec.europa.eu/display/ExactExternalWiki/ePRAG)

Обемот на текстуалниот работен материјал изнесува 16 стандардни страни (1800 карактери со празни места во страна). Конечниот формат на материјалот треба да биде 20 страни (16 + корица) во А5 формат со маркици за обрез. 

Од графичкиот дизајнер покрај обработка на текстот, се очекува и графичка обработка на 4 пре-генерирани графикони и изработка на 2 инфо-графици според дадени податоци. Фотографиите кои ќе се користат во Инфо пакетот се во сопственост на нарачателот и партнерите во проектот.

Сите заинтересирани физички лица за овој повик треба да достават:

Професионална биографија (CV) и

Финансиска понуда (образецот е даден како прилог на повикот)

Критериуми за избор на најповолна понуда

Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најниска цена.

Начин и рок на доставување на понудите

Краен рок за достава на понудата е 4 Јануари 2023 година до 12:00 часот.

Понудите се поднесуваат потпишани, во хартиена копија, на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 02/ПОМ/2022/ЕЛ”.

Лице за контакт е Срна Мајсторовиќ, телефон 078 441 811

Baranje-za-ponudi-za-dizajn


Download

Предмет: Јавен Повик бр. 01/ПОМ/2022/ЕЛ – Ангажман на стручен соработник/чка (физичко лице) за подготовка на информативен материјал – Инфо пакет (info pack)

19 декември 2022 година 

Здружението на жени менаџери – ЕЛИТ  како нарачател, за потребите на проектот „Потпри се на младите“ објавува повик за:

  • ангажман на соработник/чка за подготовка на информативен материјал Инфо пакет – (info pack) за единиците на локалната самоуправа и бизнисите во руралните средини опфатени со проектот Потпри се на младите.

 Опис на барањето:

Материјалот за инфо пакетот треба да биде развиен во консултации со нарачателот и согласно Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија бр.10/20) и извештајот од истражувањето спроведено преку проектот “Потпри се на младите“: “Потреби на младите и жените од руралните средини“ (достапен за слободно преземање од веб страницата на ЕЛИТ: http://elite-awm.mk). Материјалот треба  вклучува и насоки за формирање на Локални Младински Совети во руралните општини од Полошкиот, Североисточниот, Пелагонискиот и Југозападниот плански регион во Македонија, како таргетирани региони на проектот.

Инфо пакетот ќе служи како повик за акција за локалната самоуправа и локалните бизниси, за препознавање на потребите и улогата на младите луѓе од нивната локална заедница и локалните младински совети како форма за вклучување на младите луѓе во процесите на донесување одлуки.

Обемот на работниот материјал треба да изнесува 16 стандардни страни (1800 карактери со празни места во страна).

Сите заинтересирани физички лица за овој повик треба да достават:

Професионална биографија (CV) и

Финансиска понуда (образецот е даден како прилог на повикот)

Критериуми за избор на најповолна понуда

Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најниска цена.

Очекувани резултати

Развиен информативен материјал во обем од 16 стандардни страни (1800 карактери со празни места во страна).

Начин и рок на доставување на понудите

Краен рок за достава на понудата е 26 декември 2022 година до 12:00 часот.

Понудите се поднесуваат потпишани, во хартиена копија, на адреса ул. Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје со назнака: „За повик бр. 01/ПОМ/2022/ЕЛ”.

Лице за контакт е Срна Мајсторовиќ, телефон 078 441 811

Baranje za izgotvuvanje na infopak so finansiska ponuda


Download

Потреби на младите и жените од руралните средини