Здружението на жени менаџерки „Елит“,на 09.02.2024 год. традиционално, трета година по ред ја додели наградата „Големо срце“ на Мариа Дуда, моќна млада жена која прави добрини преку нејзиниот социјален бизнис. Таа има свој ранч “The country side“ во село Ранковце, кај Крива Паланка, каде што ги вдомува болните животни, ги лекува, а потоа тие, особено коњите ги лекуваат децата од ранливите групи со хипотерапија. На тој начин таа го развива својот социјален бизнис и ги усреќува децата и болните луѓе кои во друштво на животните ја забораваат својата тага, болка и недостатци.
Годинава плакатата „Големо срце“ ја додели членката на Здружението на жени менаџерки „Елит“Андреа Илоска, менаџерка на „Инекс Олгица “- Охрид која е ќерка на починатата потпреседателка на „Елит“ Олгица Илоска во чија чест се доделува оваа награда.
Исто така ЗЖМ Елит донираше финансиски средства кои ќе се искористат за ветеринарни услуги и нега на животните, кои пак преку својата љубов ќе ги направат среќни децата, но и возрасните со посебни потреби.
Со тоа продолжуваме со визијата да го направиме светот подобар и подостоинствен за сите.