You are currently viewing Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управни и Надзорни одбори во приватните компании во Република Македонија

Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управни и Надзорни одбори во приватните компании во Република Македонија

Овој проект отпочна во декември 2017 година и финансиски е поддржан од Министерството за економија на Република Македонија  во рамките на Програмата за конкурентност,иновации и претприемништво за 2017 година.

Во рамките на овој проект  предвидено е одржување на јавни трибини во три општини: Гостивар, Штип и Скопје.

Цели на проектот

  • Зголемување на свесноста на раководите структури на  компаниите за потребата од поголема вклученост на жените во управувачките одбори
  • Mерење на интересот на компаниите за поголема  застапеност на жените на одлучувачки позиции
  • Дејствување врз основа на определбата за начинот со кои би се зголемил на бројот на жените во управните и надзорните  одбори во компаниите

Трибина во Гостивар

Во организација на Здружението на жени менаџери Елит и нашата координаторка за Гостивар, Гезиме Фејзи на 13.02.2018 со почеток во 12 часот во хотел Игнација во Гостивар се одржа првата трибина предвидена во овој проект. На трибината беа присутни претставници од раководните структури на компаниите, женски здруженија, женски претпиемачи и претставници од локалната самоуправа.

На трибината Претседателката на Елит, Угриновска Ленка се осврна за состојбата на жените во деловниот свет во нашата земја, за родовиот дисбаланс во бизнисот и ги објасни целите и активностите на проектот.Во македонските компании е потребно да се зголеми учеството на жените на раководни позиции во управните и надзорните структури бидејќи е на нездоволнително ниво – заклучи таа.

Говорничките од Гостивар, Гезиме Фејзи Управител на ДПТУ Касеифицио Цесарина и Мр. Фармацефт Мерита Исмаили Управител на ПЗУ Фармација Плус со своите успешни мотивирачки деловни говори ги охрабрија присутните жени претприемачки да отпочнат својата деловна приказна и се нафатат на одлучувачки позиции во компаниите

Дискусијата беше динамична во која присутните ги раскажаа своите искуства и предизвици во својата професионална работа како и за начинот како да се постигне поголем број жени на раководни позиции. Нашата Потпреседателка Мр. Мирјана Марковска даде објанување за прашалникот кој потоа сите присутни го потполнија и од кој треба да се добијат саканите податоци кои ќе ги дефинираат крајните проектни цели. Резултатите ќе бидат објавени по одржувањето на последната трибина во Скопје.

На 16.02.2018 се одржа нашата втора трибина во рамките на овој проект. Координаторка на оваа трибина беше Весна Миладинова која е една од оснивачите на здружението Елит и финансиски менаџер на МК Албатрос ДОО Штип. На трибината  беа присутни претставници од раководните структури на компаниите, женски здруженија,  женски претприемачи и претставници од локалната самоуправа. Имавме присутни претприемачки од Гостивар и Кочани.

 Нашата Потпреседателка Мр. Мирјана Марковска на почетокот од трибината го претстви нашето здружение пред присутните и нашите досегашни програмски активности.

Претседателката  Угриновска Ленка во своето излагање  ја објасни причината за отпочнување на овој проект и крајната проектна  цел. Родовиот дисбаланс во бизнисот постои и покрај тоа што законската регулатива гарантира еднаквост во сите сфери на општествениот живот. Ние треба да ги следиме добрите светски практики каде во голема мера се надминува оваа појава-истакна таа.Најаките економски земји во Европската Унија со воведување системски мерки го зголемија учеството на жените на раководни позиции во управувачките структури во компаните.

Весна Миладинова и Лидија Симонова Трајчева  беа говорнички на трибината и тие ги раскажаа сите предизвици и проблеми  со кои се соочувале  во текот на градењето на своите успешни компании  и нивната упорност и храброст во професијата. Се  создаде интерактивна атмосфера на трибината и повеќето жени претприемачки се вклучија и ги индетификуваа тешкотиите во својата работа атмосфера .

Од дискусијата произлезе фактот дека жените се моќни и имаат капацитет да бидат на ракодни позиции во компаниите.

Потпреседателка Мр. Мирјана Марковска даде објанување за Прашалникот кој претставува основна алатка за согледување на моменталната состојба во компаниите за учеството начените во управувашките структури ,како и за  нашите идни активности од овој проект. На крајот, сите присутни го потполнија Прашалникот  од кој треба да се добијат саканите податоци  кои ќе ги дефинираат крајните цели на проектот. Резултатите ќе бидат објавени по одржувањето на последната трибина во Скопје.

Во рамки на проектот “Зголемување на бројот на жени во управните и надзорните одбори во приватните компании во РМ” кој е финансиски поддржан од Министерството за Економија, се оддржа последната трета трибина во Скопје. Потпреседателката на здружението М-р. Мирјана Марковска говореше за здружението и неговите цели, додека за заклучокот од предходните трибини и целите и активностите на проектот говореше претседателката на ЕЛИТ г-ѓа Ленка Угриновска. На трибината во Скопје мотивациски говори, односно лични искуства споделија Д-р. Маја Штериова – главна финансова директорка на Комерцијална банка и Членка на управниот одбор, г-ин Зоран Витанов – претприемач и консултант, како и Коспоственичката и Управителка на Комфи Ангел ДОО – Прилеп, Ирена Јакимовска. Како и секоја успешна трибина па така и оваа заврши со вмрежување на сите присутни. Преку слики ви претставуваме дел од атмосферата на трибината во Скопје. Во рамки на проектот Зголемување на бројот на жени во управните и надзорните одбори во приватните компании во РМ кој е финансиски поддржан од Министерството за Економија се направи анализа и истражување врз база на пополнетите анкетни листови од страна на учесниците на трибините.

Резулататите може да ги видите на следниот линк: https://elite-awm.mk/wp-content/uploads/2016/08/%D0%98%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5.pdf

Leave a Reply