Холандскиот проект “Брилијантен Претприемач“ со динамична содржина е воден од страна на жени, за жени претприемачи кои водат средни бизниси во целиот свет чија крајна цел е воведување на менторски систем.
Холандската амбасада во Република Македонија заедно со носителите на “Брилијантен Претприемач“ програмата, ги одбраа Олгица Илоска, Силвана Пендовска и Гордана Зрињи, наши оснивачи да бидат дел од оваа шестмесечна програма, која се базираше на индивидуалниот талент на секоја жена претприемач и нуди интензивна обука, matchmaking и техничка поддршка во бизнис иновации.
Во процесот на менторирање, нашите оснивачи ги споделуваа своите знаења и како искусни професионалци ги поставуваа темелите за идни иницијативи за јакнење на капацитетите кај жените.
Програмата се состоеше од 3 Модули, од кои првиот беше во Велес, Република Македонија, вториот во Холандија и третиот во Скопје, Република Македонија. Исто така, во програмата беше имплементирано и менторирањето кое почна и заврши заедно со овој проект.
Првиот модул започна на 25.11.2016 и своја успешна завршница имаше со третиот на 27.05.2016.
Во програмата покрај нашите оснивачи Олгица, Силвана и Гордана, учествуваа и 17 жени претприемачи од Косово и Албанија.
2013 Бизнис форум во Малме Шведска
Организиран за бизнис жени од Р.М со Федерацијата на шведските стопанственици и бизнис центарот во Малме. Реализиран со поддршка на шведските стопанственици од Малме и здружението на жени менаџери Елит .
Координарор Ленка Угриновска .
На овој бизнис форум присуствуваа и имаа свое излагање : македонскиот Амбасадор во Шведска г-ин Кире Илиоски, Претседателката на Федерацијата на шведски стопанственици, г-ѓа Ана Фрост , бизнис директорот на градот Малме г-Пехр Андерсон и дриги јавни личности од градот Малме.
Од директните средби Б2Б меѓу бизнис жените од Р. Македонија и Шведска следеше дирекна соработка помеѓу компаниите од двете земји.
Здруженито Елит склучи Договор за соработка со бизнис жените од градот Малме.
2009 година, Mалме, Шведска
Бизнис Форум за вмрежување на членките на Елит со Асоцијацијата на бизнис жени од Малме. Проектот е реализиран со самофинансирање.
Координатотр Ленка Угриновска.
Од овој бизнис форум произлегоа 4 гранта од шведската влада за 4 македонски компании во сопственост на жени врз основа на склучено партнерство со шведски компании од различни области(текстил,туризам и прехрана)