ПЛАТФОРМА – ЖЕНИ НА ОДЛУЧУВАЧКИ ПОЗИЦИИ

Стартер Базата „Платформа – жени на одлучувачки позиции“ е резултат на истражувањето кое Здружението на жени менаџери „ЕЛИТ“ го спроведе во периодот -декември 2019- февруари 2020 година. Ова истражување е дел од проектот „Платформа – жени на одлучувачки позиции“ кофинансиран од Министерството за економија на РСМ.

Податоците кои се вклучени во Стартер Базата се добиени преку Анкетните Листови испратени до компаниите, јавните податоци објавени на веб страниците на компаниите и директните посети на компаниите.

Таа постојано ќе се надградува и ќе претставува алатка за вмрежување на жените претприемачки. Од неа ќе се црпат податоци кои може да се користат за низа истражувања за улогата на жените во развојот на македонската економија и зголемената на конкурентност на компаниите кога тие се на раководни позиции.

Веруваме дека оваа платформа ќе помогне во подигнување на јавната свест за економските придобивки на општеството од рамноправното учество на жените на одлучувачките позиции, како и во креирањето на институционални програми, стратегии и проекти, кои ќе го поттикнат, промовираат и зајакнат женското лидерство во бизнисот.



ТРГОВСКИ ДРУШТВА ОПФАТЕНИ СО СТАРТЕР БАЗАТА