Согласно предвидените активности од  проектот Потпри се на младите финансиран од Европската Унија, нашето здружение е задолжено околу  техничката помош при реализација на законската обврска за формирање на локални младински совети во најмалку 3 рурални општини предвидени со член 16  од Законот за младинско учество и младински политики и потпижување на Меморандуми за соработка со пет општини.. Со тоа ќе се овозможии организирано младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики.

И покрај проблемите на кои наидовме при формирањето на локалните младински совети пред  се поради отсуство на младите во општините и отпочнатиот изборен процес во земјата , успеавме со наша правна и логистична поддршка да формираме 5 локални младински совети во Македонски Брод , Брвеница, Јегуновце, Вевчани и Кривогаштани.

Со истите општини и општината Ранкивце потпишавме Меморандумиза соработка(вкупно 6 од предвиден 5) за подобра соработка во иднина.

На крајот за претсавниците на новоформираните младински совети одржавме  обуки  во Скопје за да ги зајакнеме нивните правни,организациони и финансиски капацитетите за  нивната поголема ефикасност и развој во заедницата. 

Нашето здружение спроведе пет работилници пет обуки во Полошкиот, Пелагонискиот , Североисточниот и Југозападниот регион на тема:
„Младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјалното претприемништво„ и тоа во Охрид, Тетово,Куманово, Новаци и Крива Паланка

 Целта на овие обуки е да постигнеме младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и го подобрат својот капацитет за да можат да се вклучат во заедницата и дадат свој придонес во социјалната локална економија.

Намерата е од обуката да излезат со некаква идеа како се води (социјален)бизнис и како преку него се изразува лидерство и влијание за подобра средина/околина и за подобро опшетство. Исто така, да научат и да се запознаат со овие концепти и поими, но и со себеси, со своите способности, капацитети, желби, таленти, соништа и визии и некои нови вештини .

Бевме пријатно изненадени од интересот и активноста кога ги  спроведувавме  30 те обуки каде обучувчки беа нашите членки на  младите кои беа финасиски поддржани ( грантови) од вој Проект и тоа во :  

-5те рурални младински клубови со развиени капацитети за младински активизам и –  10 те социо-економски иницијативи на Локалните младински клубови 

Не случајно темите за рурален туризам, еко и зелените површини, прстап кон финасии, малите бизниси и социјалното претприемништво беа бараните теми за нивните обуки .

Тоа не охрабри и осознавме дека дека младите кои сакаат да останат во својот роден крај се млади ентузијасти кои знаат што сакаат и веруваат во утре !!!

Овој значаен проект треба да продолжи бидејќи младите се нашата иднина, треба да се вложи многу да ги задржиме во земјата  и секој придонес во таа насока е добедојден….

Нашите обуки во медиумите Редно е да се потпреме на младите во земјава

ПЕТТА ОБУКА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

 На 24.02.2023 година  во Европската Куќа во Крива Паланка ја реализиравме завршната, петта обука  на која професионалната обучувачка Јакимова Ирена им пренесе вештини и даде алатки за менаџирање и лидерството на присутните учесници , а гостинката Марија Дуда даде личен пример како да се отпочне со социјално претприемништво и сонот стане реалност.

ЧЕТВРТА ОБУКА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

За младите од Пелагонискиот регион на 16.02.2023г во Битола ја релизиравме четвртата обука во рамките на проектот “Потпри се на младите” кој го спроведуваме заедно со нашите партнери, Јуниор Ачивмент, Рурална Коалиција и Македонската Развојна Фондација на претпријатријата  како носител на проектот.

ТРЕТА ОБУКА ВО СЕВЕРОИСОЧНИОТ РЕГИОН

На 15.02.2023г во Куманово ја одржавме третата обука во рамките на проектот “Потпри се на младите” која како и претходните имаше голем број учесници кои активно се вклучија во обуката особено во делот на презентирањето на нивните идеи за креирање на социјален бизнис предизвика голем интерес кај младите од Северисточниот регион. Претставничка од социјалното претприемништво беше Мариа Дуда која во село Ранковци има основано социјална компанија „The Countryside“

ВТОРА ОБУКА ВО ЈУГОЗАПАНИОТ РЕГИОН

На 09.02.2023 година здружението на жени менаџери Елит успешно ја спроведе втората обука во рамките на европскиот проект”Потпри се на младите во Охрид (Југозападен регион) каде младите се стекнаа со вештини и алатки успешно да се справат со предизвиците во личниот и професионалниот живот во руралните средини

ПРВА ОБУКА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

На 06.02.2023 година   во Тетово (Полошки регион) се одржа  првата обука за која имашe голем интерес бидејќи темата за менаџмент, лидерство и социјално претприемништво е актуелна и привлечна за  младите .Претставничката од социјалното претприемништво,  Изабела Соколовска од Еснаф даде  конкретен пример за улогата и значењето на овој тип компании во опшествениот живот во земјата

Активности на проектот „Потпри се на младите

Во рамките на проектот спроведена е информативна кампања и беа оргнизирани 10 инфо сесии во над 20 општини од Пелагонскиот, Југозападениот, Полошкиотиот и Североисточениот регион.

Со цел да се утврдат проблемите и потребите на младите и жените од руралните средини во рамки на проектот „Потпри се на младите„ се реализираше теренско истражување кое опфати спроведување на анкета со 420 млади лица и 10 интервјуа со засегнати страни од 4-те предвидени региони.

Резултатите од теренското истражување за потребите на младите кое беше спроведено од консултантската фирма Стратешки менаџмент системи со поддршка на локалните истражувачи ангажирани од страна на Рурална коалиција беа презентирани на работилниците во сите 4-те планирани региони.

Наскоро целата анализата ќе биде достапна и за пошироката јавност.

Проект „Потпри се на младите

Проектот „Потпри се на младите“ е финансиран од ЕУ и се спроведува од февруари 2022 година, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

Општата цел е подобрување на квалитетот на живот на младите во локалните заедници преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтеризам, а специфичната цел е зголемување на капацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници кои припаѓаат на Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион, преку обезбедување техничка поддршка преку обуки, менторство и финансиска поддршка за нивните идеи. Со проектот ќе бидат поддржани активности насочени кон иновации во локалните заедници и активности кои го подобруваат просперитетот и социјалната економија на локално ниво.

Целна група се младинските заедници во руралните средини од горенаведените региони кои имаат ограничени капацитети и пристап за иницирање иновативни решенија за локални проблеми, мерки кои поддржуваат просперитет, вработување и социјални услуги во рамки на нивните заедници. Посебен фокус е даден на таргетирање на соработката со локалните младински совети и локалните младински клубови.

Со проектот се предвидени следните резултати:

–          Идентификувани модели за вклучување на младите во процесот на давање услуги на руралното население во насока на социјално и економско зајакнување на руралните заедници.

–          Создадена специјализирана програма за обука за активно делување на младите и жените во руралната заедница (давање услуги, развој на меки вештини, бизнис планови за одржливи бизниси и активности кои ќе го подобрат квалитетот на животот во руралната заедница).

–          Најмалку 150 рурални млади и жени со развиени капацитети и вештини за активно вклучување во заедницата како даватели на услуги или основачи на социјални претпријатија.

–          Формиран рурален локален младински совет во најмалку 3 рурални општини во пилот планските региони на работа.

–          Формирани и поддржани најмалку 5 рурални младински клубови со развиени капацитети за младински активизам и креирање на социо-економски иницијативи во руралните заедници.

–          Финансиски поддржани минимум 10 социо-економски иницијативи на Локалните младински клубови и совети со зајакнати организациски капацитети за спроведување на иницијативите.

–          Промовирани позитивни примери и најдобри практики на успешни локални младински акции преку социјалните медиуми.

Главното влијание ќе биде поттикнати, подготвени и поддржани младински иницијативи за подобрен просперитет, социјална економија и иновации во локалната заедница, како и поддржани и операционализирани локални младински совети отворени за иницирање младински иницијативи засновани на локалните потреби.

Проектот е финансиран од Европската Унија и е со времетраење од 24 месеци.