You are currently viewing „Женско лидерство во бизнисот “ 

„Женско лидерство во бизнисот “ 

Овој  проект  го спроведуваме од 2014 година со самофинансирање и е во рамките на нашите програмски активности. Досега преку 2000 жени присуствувале на нашите обуки а имаме голем број и на следбеници кои постојано се интересираат за овие трибини од кои добиваат алатки да го отпочнат својот бизнис и бидат успешни.

Ние, женското лидерството го толкуваме како економска категорија, а не феминистичко.  Лидерството полека, но сигурно станува двополова професија, а   компаниите каде има повеќе застапени  жени на раководни функции станауваат   поконкурентни, општествено поодговорни  и со  зголемена  социјалната правда. Економското јакнење на жените директно влијае на намалување  родовата нееднаквост во бизнисот, која е една од фундаменталните цели на Европската Унија која имаше поставено таргет, жените до 2020 година да бидат застапени во надзорните и управните одбори во компаниите  со 40%, а до 2026 година треба да има до 45%-50%. Земјите од Еу треба да изготват Акциски планови согласно директивата од ноември 2023 година каде со  системски мерки или декларативно ќе овозможат да се реализира зголемувањето на бројот на жените на одлучувачките позиции во компаниите кои ротираат на берзата. Земјите каде се воведени системски мерки покажале подобри резултати и кај нив до 20% годишно се  зголемува учеството на жените на водечките позиции, додека во земјите каде нема мерки се бележи годишен раст од  само 2% .Просекот на учеството на жените во управувачките органи  во ЕУ е 23 %

Иако согласно Уставот-член 9, Законот за еднаквост меѓу мажите и жените-член 5, Закнот за работни односи и отаната законска регулатива ние сме равноправни во сите сфери од општествениот живот, во пракса не е така. Како и секаде во светот така и кај нас,    постои родов дисбаланс во бизнисот кој треба да се надмине, а за тоа е потребно време, критична маса и нови ветрови  во економијата и политиката. Во Република Македонија во 44% од компаниите нема жени во управувачките органи.Во компаниите каде жените се застапени во управните и надзорните одбори, учеството на жените се движи од 2% до 24%.

За жал, нема да биде  лесно да се одземе приматот на мажите во бизнисот, каде сеуште  владеат предрасудите, стереотипноста, менталитетот, патријахалноста, традициите, културолошки и религиозни бариери, секторската сегрегација, нееднакво вреднување на трудот  и слично.

Во рамките на овој проект се одржуваат скоро секој месец трибини, обуки со високо професионални лица од одредени области кои придонесуваат да се зголеми економската моќ и интегритетот на жените во компаниите.

За овие трибини и обуки можете да прочитате тука:

Проектот „Женско лидерство во бизнисот“ содржи четири фази:

  • Подигање на свесноста за економската моќ на жените.
  • Истражување и создавање на база на податоци за жените на одлучувачки позиции во бизнисот.
  • Медиумска кампања  за создавање услови и добивање критична маса за зголемен број на жени на одлучувачки позиции
  • Покренување и иницијатива  до законодавниот дом за воведување на системски мерки за зголемување на учеството на жените во надзорните и управните органи во соработка со останатите женски асоцијации и јавниот сектор.

Во рамките на првата фаза одржани се повеќе трибини и работилници на кои кои досега присуствуваа над 2000 жени претприемачи од различни женски здруженија и наши членки. Сите теми се актуелни и со врвни експерти во својата област. Овии трибини сеуште продолжуваат да се оддржуваат. Ќе споменеме неколку од спроведените трибини.

На 09.11.2023 год. Здружението на жени менаџери ЕЛИТ одржа трибина на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ на Универзитетот Скопје

Овој охрабрувачки настан е дизајниран исклучиво за жени лидерки како вас/нас, и ветува инспиративно патување кон искористување, зачувување и трансформирање на енергијата во секој аспект од вашиот професионален и личен живот.

Темата ја одразува нашата посветеност за зголемување на знаењето, енергизирање на духот и подигање женските лидерски вештини.

Говорничката Македонка Димитрова од Институтот за одржливост сподели вредни сознанија за тоа како можете да ја оптимизирате употребата на енергија, да ги намалите трошоците и да придонесете за одржлива иднина. Како жени лидерки, имаме единствена можност да ги насочиме нашите организации кон одржливи практики, намалувајќи го влијанието врз животната средина, а истовремено зголемувајќи ја профитабилноста.

Говорничката Ирена Јакимова од Инспирит Коучинг говореше на тема :Личната енергија како ресурс на работното место

Да се откријат методите  и техниките  за ефикасно управување со вашата лична енергија од Вашата благосостојба е клучна за вашето лидерско патување. Во свет каде што барањата за нашето време и енергија можат да бидат немилосрдни, од клучно значење е да научиме како да правиме свесни избори, да ја насочиме нашата енергија кон нашите цели и да се осигуриме дека нема да се исцрпиме себеси во тој процес.

Дека„Животот е чудо “ говореше  Мирјана Марковска од здружението Хоуп која го промовираше ова здружение за поддршка на луѓето со афзија.

Он лајн трибина одржана на 08.11.2021

Франшизата е бизнис модел за проширување на веќе постоечки бизнис или за започнување на нов бизнис со превземање на трговска марка и бренд на некоја компанија која веќе работи со докажан успех.Во услови на пандемија и светска економска криза сакаме како здружение да ги охрабриме и поттикнеме жените да отпочнат свој бизнис користејќи ја франшизата како модел. За тоа што е франшизен модел на бизнис , кои се предностите а кои слабостите на истиот и други интересни информации за франшизата ни презентираше нашата членка,  Доцент д-р Вера Бошковска, од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје која воедно е и Претседател на Здружението  ” Македонkсата асоцијација за франшиза во Македонија “.

Трибината предизвика голем интерес кај учесниците и се разви динамична иинтерактивна дискусија со предлог за уште една трибина на оваа тема и со учесници кои ја практикуват франшизата во својот бизнис

Втора он лајн трибина

На 18.05.2021 се одржа втората  онлајн трибина во рамките на нашито проект„Женско лидерство во бизнисот“  на тема СТРАВОТ КАКО СОПАТНИК.

Оваа тема е секогаш актуелна, особено сега во време на пандемијата бидејќи стравот е дел од нашиот живот и доколку таа емоција ја направиме наш сојузник, полесно ќе ги совладаме предизвиците во животот и ќе бидеме поуспешни во сите полиња. Сите следбеници на трибината изразија задовоство за истата. Предавачка беше Ирена Јакимова- професионален тренер за личен и деловен  успех, сопственичка на компанијата Инспирит коучинг.

Трибина 

Професионален стрес, зошто настанува синдром на согорување  (Burn–out)

Презентеркa : М-р Катерина Наумовска-Ристовска, магистер по психолоши науки, клинички лиценциран психолог, сертифициран тренер по емоционална писменост од Психополис институтот во Белград. На почетокот од трбината, потпреседателката  на Елит,  Мирјана Марковска со куса презентација го претстави нашето здружение.

Тематската  Презентација на М-р Катерина Наумовска-Ристовска беше интерактивна и следена со голем интерс од сите присутни.

На крајот, беа доделени Благодарници за нивното лично залагање и придонес за реализација на програмските активности на Елит на М-р Катерина Наумовска-Ристовска и на Весна Миладиновска една од оснивачките на нашето здружение.

Под менторство на Мирјана Марковска  доделена е пристапница за членство во ЗЖМ Елит на Слаѓана Стаменкова, сопственичка на туристичката агенција Елите Травел – Скопје.

Бизнис и убавина

На 26 во декември во Универзитетот Скопје одржавме уште една успешна трибина  „Бизнис и убавина” каде говорнички беа Весна Ристевска од здружението на жени „Оснажени” од Нови Сад која ја презентираше нивната регионална платформа на жени претприемачи и Сузана Блажевска од АфродитаС која ги презентираше најновите трендови во козметиката.

Беа доделени благодарници на повеќе членки за нивната посветеност за реализација на програмските активности на Елит и јакнењето на женското лидерство во бизнисот.

 Жени на раководни позиции

Презентери:

Ленка Угриновска – Претседател на Елит која го презентираше Извештајот од успешно реализираниот проект „Зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во Управни и Надзорни одбори во приватните компании во Република Македонија“ кој беше финансиски поддржан од Министерствто за економија на Република Македонија;

Проф.Д-р Виолета Миленковска  на тема – Положбата и улогата на жената во деловниот свет;

Марија Танасоска на тема – Олеснување на пристап до традиционални и алтернативни финансиски извори потпомогнат од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Своја и успешна

Презентери: Анета Мачковски-  Адвокат, во областа на семејно право, менаџмент на канцеларија со висок обем на предмети, обука на адвокати и надзор на вработените како и супервизија на сите фази на процесот на решавање на случаите на тема – Кога јас бев Своја и Денот беше Совршен и М-р Катерина Наумовска-Ристовска, магистер по психолоши науки, клинички лиценциран психолог, сертифициран тренер по емоционална писменост од Психополис институтот во Белград на тема – Како да останете свои користејќи ја моќта на СТРОУКОВИТЕ за зголемување на себепочитувањето и личната моќ, а редукција на негативните самокритики.

Поаѓајќи од фактот дека Република Македонија е традиционално патријахална, за жал единствен начин да се постигне родовиот баланс во бизнисот е воведувањето на системски мерки со кои ќе се зголеми учеството на жените на одлучувачки функции. Проектот Женско лидерство содржи четири етапи:

  • Подигање на свесноста за економската моќ на жените.
  • Истражување и создавање на база на податоци за жените лидерки во бизнисот.
  • Медиумска кампања  и организирање на годишни форуми на жени лидерки на локално, регионално и светско ниво.
  • Покренување и иницијатива  до законодавниот дом за воведување на системски мерки за зголемување на учеството на жените во надзорните и управните органи во соработка со останатите женски асоцијации и јавниот сектор.

Финансиски извештаи и финансиска анализа. Зошто?

  • Презентери: Ксенија Чаминска –  предавач и говорник на ЦЕЕД , Македонија; сопственик и управите на даночен консалтинг,  финансии и сметководство „Професионал акаунт“ на тема – финансиски извештаи и Владимир Давчев – експерт за финансии,  сопственик и директор на   финансиски  организаторски консалтинг  „Таурус“ на тема-финасиска анализа.

Како до финансиски ресурси.

  • Презентери: Нела Јолевска –  Соња Ингилизова –  аналитичар, Тим поддршка на мали бизниси, Европска банка за обнова и развој на тема – Раст на мали бизниси; Симона Шошолчева – Развојна фондација Кримсон на тема – Развој на мали и средни претпријатија преку иновативно финансирање и Владимир Давчев – експерт за финансии на тема – Замки во финансирањето.

Разбуди ја жената и моќта во себе.

Презентери: Нела Јолевска –  Директор на EQ Excellence, Тренер за развој на емоционалната интелигенција на Тренинг  на тема „Разбуди ја жената и моќта во себе“.

Коучинг во функција на подобрување на деловната комуникација и лидерството и улогата на емоционалната интилигенција при донесување квалитетни деловни одлуки.

Презентери : Др Ристо Иванов -Претседател на Здружение на бизниси и Консултанти „Креација“,

Нела Јолевска – Директор на EQ Excellence,Тренер за развој на емоционалната интелигенција и

Лолита Чекреџи – Претседател на “Зонта”

Здружението Елит и додели Благодарница на нашата членка проф. д-р Виолета Миленковска за нејзините особени заложби за успешно организирање на нашите трибини во УТМС и за реализација на нашите програмски активности

Меѓународни грант програми во Македонија  презентери : Зоран Стојковски ,извршен директор на Проефект – Искористување  на грант програмите на ЕУ и други билатерални донатори во Македонија и  Жаклина Гештаковска Алексовска, експерт за родови прашаања во Швајцарската фондација за техничка соработка – Соработка со Програмата за пазарна  вработливост на СДС имплементирана од Swisscontact со локалниот партнер  Преда. Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот за туризам и  менаџмент Скопје и ЕЛИТ претставувани од Ректорот проф. д-р Аце  Миленковски и Претседателката Ленка Угриновска (www.utms.edu.mk)

17.05.2016во УТМС со Тема: “Деловна комуникација“, презентери: доц.д-р Валентина Муцунска при УТМС – “Ефективни техники за вербална и визуелна деловна комуникација“, Јасмина Илиевска, менаџер и консултант за бизнис и менаџмент – “Разликите во деловните комуникации кај мажите и жените“ и Марина Анчевска, оснивач на Центар за бизнис и психологија, тренер за личен развој со НЛП техники – “Бизнисот се луѓето, луѓето се бизнисот“.

23.03.2016 во УТМС со Тема: “Жени-лидерки во бизнисот (Втор дел)“, презентери Јулијана Прчковска, Бренд Комуникатор во Мади Груп – “Активно слушање“, Весна Кардалевска, ЦЕЕД, тренер за личен развој со НЛП техники – “Деловна комуникација и управување со конфликтни ситуации“ и м-р Мирјана Марковска, адвокат, потпретседател на ЕЛИТ – “Деловно вмрежување“.

16.12.2015 во УТМС со Тема: “Жени-лидерки во бизнисот (Прв дел)“, презентери: проф.д-р Александра Стоилковска при УТМС – “Феноменот на лидерството“ , Јулијана Прчковска, Бренд Комуникатор во Мади Груп – “Економија која вреднува емоционална интелигенција“ и проф. д-р Ирена Николова – “Жени-Лидери“.

27.03.2015 во “Хотел Мрамор“®-Дом Далеку Од Домот® со Тема: “Пристап кон финансиски средства (Втор дел)“, презентери: г-дин Александар Станоевски, директор на Сектор за кредитирање и финансии – “Поддршка на малите и средни претпријатија и извозот преку Македонска банка за подршка на развојот“ и г-ѓа Елеонора Згоњанин, Управител на штедилница ФУЛМ – “Пристап до финансиските услуги за жените“.

10.12.2014 во “Хотел Мрамор“®-Дом Далеку Од Домот® со Тема: “Пристап кон финансиски средства (Прв дел)“, презентери: г-а Маја Антевска (ЕБРД) – “Презентација на Програмата за поддршка на женското претприемништво“ и м-р Мирјана Марковска, адвокат и потпретседател на ЕЛИТ – “Медијација и арбитража версус судска постапка“.

Leave a Reply