Скопје, 2-3 октомври 2024 година, хотел Мериот
Економскиот Форум на жените лидерки и средбата на G100 Балкан 2024 се одржаа годинава во Скопје, во организација на ЕЛИТ и на Г100 крилото за комуникации, застапништво и медијација, од Македонија. Ова беше извонреден настан за зајакнување на жените во бизнисот и за градење соработка меѓу жените лидерки од Балкан и пошироко. Форумот создаде платформа за жените да можат да споделат свои знаења и искуства, да дискутираат за предизвиците и да ги истражат можностите за развој и лидерство во различни сектори.
На највисоко организациско ниво, Форумот пречека околу 350 учесници од Западен Балкан, Европа и пошироко, со ставање посебен акцент на силата на посветеноста на жените во градење еднакви можности и просперитет за сите.
Форумот го отвори Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова. Главни обраќања имаа Министерката за енергетика и рударство, Сања Божиновска, Гувернеркат на Народната Банка на Република Северна Македонија, Анита Бежовска, Гувернеката на Народната Банка на Црна Гора Ирена Радовиќ, потоа основачката на Г100, д-р Харбен Арора Раи и голем дел успешни и влијателни жени од разни области на бизнисот, државните институции и граѓанското опшетство.
Главни заклучоци
Низ целиот настан, учесниците се осврнуваа на истрајните сили и континуираната важност на јакнењето на жените во бизнисот за долгорочни позитивни промени. Учесниците, исто така, ја истакнаа итната потреба каде што, во услови кога фокусот е на кризен менаџмент, се’ помалку време се посветува на развојот, на растот и на напредокот и дека поделениот свет, што е во војни, има егзистенцијална потреба за одговорно лидерство, визионерство и темелна посветеност на одбраната на човековите права. Клучните препораки и сознанија за натамошно дејствување ги вклучуваат следниве:
1. Жените имаат клучна улога во интегрирањето на одржливоста во бизнисот преку тнр. ESG
(Environmental, Social, and Governance) известување (reporting). Жените на лидерските позиции се клучни во градењето и примената на овие ESG стратегии. Јакнењето на жените во корпоративните улоги може да води кон подобри резултати во ESG. Политиките што ја промовираат родовата еднаквост и разновидност се поврзани со резултатите од ESG, бидејќи разновидните тимови носат различни перспективи и иновативни решенија.
2. Важноста на различноста и вклученоста на жените во STEM (Science, Technology,
Engineering, and Mathematics) беше особено истакната. Вредноста на ефективната соработка низ различните дисциплини и индустрии, како и градењето силни професионални мрежи на жени беше прифатено од сите. Потребата од доживотно учење и одржување чекор со последните достигања, како и стекнувањето нови вештини беа особено истакнати. Вештачката интелигенција (AI) може да го промени начинот на којшто жените во STEM ја развиваат и унапредуваат својата кариера.
3. Креирање бизнис клима што ја поддржува кариерата на жената вклучува неколку клучни стратегии и иницијативи: Создавање инклузивна средина каде што различноста се вреднува може значително да влијае врз кариерата на жената. Ова вклучува примена на родова еднаквост, како што се еднакви плати, флексибилни работно време и родителско отсуство. Менторските и програмите за промовирње на жените се клучни за нивно унапредување во кариерата. Инвестирањето во развој на лидерски програми специјално креирани за жени, може да им помогнат да се стекнат со вештини и самодоверба, потребни за да ги преземат лидерските функции.
4. Пробивање на стаклениот покрив е клучно за промоција на родовата еднаквост и за поголемо искористување на потенцијалот на жените во лидерските улоги. Некои клучни стратегии и согледувања беа дискутирани и беше постигната согласност околу следниве: лидерски развојни програми, адресирање на предрасудите и стереотипите, поставување јасни цели во различноста, поддршка во балансот помеѓу работата и приватниот дел од животот, модели за пример и претставување – видливост на жените лидерки.
5. Жените како катализатори на одржливиот развој и зелената транзиција.
Жените имаат клучна улога во придвижувањето на одржливиот развој и зелената транзиција. Нивната вклученост е од основна важност, поради неколку причини: Учеството на жените во зелената транзиција помага да се создадат повеќе инклузивни и ефективни политики. Жените често имаат клучни улоги во заедниците, со менаџирање на природните ресурси и со јакнење на биодиверзитетот. Зајакнувањето на жените во зелените индустрии може да го придвижи економскиот раст развој.
6. Пристапот до финансии за жените и моќта на вмрежувањето и соработката се особено важни за јакнење на жените, особено во областите како STEM и воопшто во претприемништвото. Идентификувани се следните можности – микро кредити, помош за отпочнување и ширење на нивните бизниси, грантови и заеми специјално наменети за жени, унапредување на финансиската писменост за жени, силни мрежи и здружување, партнерства, соработки – сето ова може да го помогне јакнењето на жените во бизнисот.
Вмрежување, здружување и соработка: Да се негува и јакне секоја ваква можност и поддршка меѓу жените за да можат да си разменуваат искуства, предизвици и најдобрите практики.
На последниот дел од Форумот се одржа состанок на членките на G100 на тема Интернационализација на бизнисот којшто го модерираше Сања Поповиќ Пантиќ. Учесничките имаа прилика да слушнат за можностите за вмрежување, за поддршката и соработката меѓу членките. G100 е една силна глобална мрежа којашто обединува и зближува жени лидерки од целиот свет.
Форумот повика на дејствување ија истакна потребата за заеднички напори во јакнењето на родовата еднаквост и одржливиот развој, охрабрувајќи ја континуираната посветеност на овие теми, како во политиките, така и во праксата. Исто така, од Форумот беа испратени пораки за промоција на активното учество на жените во економијата и на лидерските позиции, потоа за поддршкана иницијативите водени од жени и за зелената транзиција, којашто негува соработка меѓу жените лидерки да споделуваат најдобри практики и да се поддржуваат меѓу себе.