You are currently viewing ПРОЕКТ: ГОЛЕМО СРЦЕ

ПРОЕКТ: ГОЛЕМО СРЦЕ

Здружението на жени менаџерки „Елит“, на 09.02.2024 год. традиционално, трета година по ред ја додели наградата „Големо срце“ на Мариа Дуда, моќна млада  жена која прави добрини преку нејзиниот социјален бизнис. Таа има свој ранч “The country side“ во село Ранковце, кај Крива Паланка, каде што ги вдомува болните животни, ги лекува, а потоа тие, особено коњите ги лекуваат децата од ранливите групи со хипотерапија. На тој начин таа го развива својот социјален бизнис и ги усреќува децата и болните луѓе кои во друштво на животните ја забораваат својата тага, болка и недостатци. 

Годинава плакатата  „Големо срце“ ја додели членката на Здружението на жени менаџерки  „Елит“Андреа Илоска,  менаџерка на „Инекс Олгица “- Охрид која е ќерка на починатата потпреседателка на „Елит“ Олгица  Илоска во чија чест се доделува оваа награда. 

Исто така ЗЖМ Елит донираше  финансиски средства кои ќе  се искористат за ветеринарни услуги и нега  на  животните, кои пак преку својата љубов ќе ги направат среќни децата, но и возрасните  со посебни потреби. Со тоа  продолжуваме со  визијата да го направиме светот подобар и подостоинствен за сите.

Оваа година, традиционалната награда „ГОЛЕМО СРЦЕ“ нашето здружение Елит  по втор пат ја додели на тимот од домот за бездомници Момин Поток при Црвениот Крст за нивните заложби и посветеност да помогнат на една од најранлиливите грпи ,бездомниците  и нивната подадена рака тие да се чуствуваат достоинствено.

Веруваме дека нашате активности , доделување оброк, топла облека, медикаменти, лекарства, средства за лична хигиена и др. на бездомниците предизвика тие  барем за момент се чуствуваат среќно  и ќе поттикне и другите  да го сторат тоа и шират добрини за подобар свет за сите.

Подадете рака за насмевка и среќа!!!

Во чест на нашата Потпреседателка и една од оснивачките на нашето здружение Елит, Олгица Илоска која за жал прерано не напушти од оваа година на денот на нејзиниот роденден 8 фебруари почнуваме традиционално со доделување Благодарница ГОЛЕМО СРЦЕ.

Нашата цел е да ја продолжиме нејзината визија за еден подобар и похуман свет и споделување добрини во нашата земја и пошироко

Нашата Олгица беше жена со силна емоционална топлина, со неверојатно отворен ум и со големо срце и со нејзината енергија не сплотуваше сите нас и несебично се залагаше за почовечни односи меѓу луѓето.

Првиот добитник на оваа Благодарница е Борче Стаменов со проектот „Донирај компјутер“ кој доделувајќи компјутери направи среќни многу деца и младинци и неговата хуманост стана препознатлива во целата земја.

Нашето здружение собра 10 стари компјутери кои му ги дадовме , но и финансиски го поддрживме за купување ИТ опрема за поправка на истите.

Овие 10 компјутери ги дониравме на Здружението на самохрани мајки „Една може“ со што го продолживме циклусот на споделувањето добрини меѓу луѓето.

Leave a Reply