За Нас
Женско лидерство
Тековен проект чија крајна цел е донесување системски мерки за зголемување на бројот на жените на одлучувачки функции во управните и надзорните органи во компаниите, со што жените ќе станат значаен фактор во македонската економија. На тој начин, родовиот баланс во економското одлучување ќе придонесе не само за социјалната правда, туку и за конкурентноста на компаниите и со поголема општетвеана одговорност.
Проектот содржи 4 етапи:
- Зајакнување на економскиот капацитет на жената, преку организирање на трибини, со различни содржини, кои ќе ги охрабрат жените да прифатат одлучувачка функции!
- Создавање на Дата База за жените кои се во бизнисот!
- Бизнис Форум на жени лидерки!
- Иницијатива до Законодавниот Дом, за воведување на системски мерки за учеството на жените во управните и надзорните органи во компаниите!
БРИЛИЈАНТЕН ПРЕТПРИЕМАЧ
Холандски проект со динамична содржина воден од страна на жени, за жени
претприемачи кои водат средни бизниси во целиот свет со крајна цел да се воведе менторски систем. Холандската амбасада во Република Македонија заедно со носители на “Брилијантен Претприемач“ ги одбраа Олгица Илоска, Силвана Пендовска и Гордана Зрињи, наши оснивачи да бидат дел од оваа шестмесечна програма, која се базира на индивидуалниот талент на секоја жена претприемач и нуди интензивна обука, matchmaking и техничка поддршка во бизнис иновации. Во процесот на менторирање, нашите оснивачи ги споделуваа своите знаења и како искусни професионалци ги поставуваа темелите за идни иницијативи за јакнење на капацитетите кај жените.
Пристап кон финансиски средства
Женско лидерство – чија крајна цел е донесување системски мерки за зголемување на бројот на жените на одлучувачки функции во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор со што жената ќе биде значаен фактор за економскиот развој во земјата. На тој начин, родовиот баланс во економското одлучување ќе придонесе не само за социјалната правда туку и за конкурентноста на компаниите.
Жени лидерки и емоционалната интелигенција во економијата
Во рамките на проектот “Женско Лидерство“, за една година одржани се три трибини на кои учествуваа покрај нашите членки, претставници од невладиниот сектор, од јавниот сектор и меѓународни институции. Една од темите на третата трибина , “Жени-лидерки во бизнисот (Прв дел)“, презентер беше Јулијана Прчковска, Бренд Комуникатор во Мади Груп – со своја презентација “Економија која вреднува емоционална интелигенција“.