Женско претприемништво и канадски експерти –менторство- јануари 2019
Овој проект беше финансиран од меѓународната невладина организација Македонија 2025 , Скопје, во соработка со канадската организација КЕСО и Канадската Амбасада во Белград .
Во периодот од 22-25 јануари 2019 година канадската менторка Mrs. Jennifer Lavoie во просториите на здружението работеше со членките на Елит на подобрување и на јакнење на нивните капацитеттите. На крајот беше изработена Комуникациска стратешка рамка со активности, временска рамка и буџет.
- На 24 јануари на Универзитетот за туризам и менаџмент се одржа завршна работилница со сите членки на здружението и претставници на Македониа 2025 при што менторката Џенифер Лавуа ја презентираше Комуникациската стратешка рамка и по истата се дискутираше.
- На 31 јануари имаше прес конференција на канадската амбасадорка Mrs. Kati Csaba од Белград во Скопје со сите учесници од проектот при што имавме активно учество во панел дискусијата.
- Како резултат на прес конференцијата со канадската амбасадорка , членките на Елит остварија инфо средба со канадскиот канцелар од Беград Мр. Francois Lavertue со кој дискутиравме за идната соработка со Канада и дадовме препораки како да се подобри:
-Одржување на регионална конференција на жени претприемачки која ќе учествуваат земјите кои ги покрива канадската амбасада во Белград (Србија, Македоија, Црна Гора)
-Олеснување на визниот режим за влез во Канада особено за студентите и бизнисмените
-Основање канадски фонд (гарантна шема) за полесен финансиски пристап за жените во бизнист за кој Елит нуди целосна теничка и логистичка поддршка
2018 Светски ден на женското претприемништво – Сараево, Босна и Херцеговина
На 19.11.2018 во рамките на одбележување на Светскиот ден на женското претприемништво во Сараево е потпишан Договор за деловна соработка со Регионалната Асоцијација на претприемачки, Деловни жени од БИХ и Здружението на жени менаџери Елит од Скопје
Договорот го потпишаа Претседателката на Деловни жени, Џенита Зирдум и Претседателката на Елит, Ленка Угриновска.
Целта на овој Договор е да се зголеми меѓусебната соработка и вмрежување, аплицирање и имплементација на заедничките регионални проекти и програми за јакнење на квалитетот на женското претприемништво, поттикнување на женското лидерство во бизнисот и зголмување на конкурентноста на компаниите во двете земји.
Повеќе инфо на линкот: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.290678231563610&type=3