ПРОЕКТИ ВО СВЕТОТ

Женско претприемништво и канадски експерти –менторство- јануари 2019

Овој проект беше финансиран од  меѓународната  невладина организација  Македонија 2025 , Скопје,  во соработка со канадската организација КЕСО и  Канадската Амбасада во Белград .

Во периодот од 22-25 јануари 2019 година канадската менторка Mrs. Jennifer Lavoie во просториите на здружението работеше со членките на Елит на подобрување и на јакнење на нивните  капацитеттите. На крајот  беше изработена Комуникациска стратешка рамка со активности, временска рамка и буџет.

1. На 24 јануари  на Универзитетот за туризам и менаџмент се одржа завршна работилница со сите членки на здружението и претставници на Македониа 2025 при што менторката Џенифер Лавуа ја презентираше Комуникациската стратешка рамка и по истата се дискутираше.

 

2. На 31 јануари имаше прес конференција на канадската амбасадорка Mrs. Kati Csaba од Белград  во Скопје со сите учесници од проектот при што имавме активно учество во панел дискусијата.

3. Како резултат на прес конференцијата  со канадската амбасадорка , членките на Елит остварија  инфо средба со канадскиот канцелар од Беград Мр. Francois Lavertue со кој дискутиравме за идната соработка со Канада и дадовме препораки како да се подобри:

-Одржување на регионална конференција на жени претприемачки  која ќе учествуваат земјите кои ги покрива канадската амбасада во Белград (Србија, Македоија, Црна Гора)

-Олеснување на визниот режим за влез во Канада особено за студентите и бизнисмените

-Основање канадски фонд (гарантна шема) за полесен финансиски пристап за жените во бизнист за кој Елит нуди целосна теничка и  логистичка поддршка

 

2018 Светски ден на женското претприемништво – Сараево, Босна и Херцеговина

На 19.11.2018 во рамките на одбележување на Светскиот ден на женското претприемништво во Сараево е потпишан Договор за деловна соработка со Регионалната Асоцијација на претприемачки, Деловни жени од БИХ  и Здружението на жени менаџери Елит од Скопје

Договорот го потпишаа Претседателката на Деловни жени, Џенита Зирдум и Претседателката на Елит, Ленка Угриновска.

Целта на овој Договор е да се зголеми меѓусебната соработка и вмрежување,  аплицирање и имплементација  на  заедничките регионални проекти и програми  за јакнење на квалитетот на  женското претприемништво,  поттикнување на женското лидерство во бизнисот и зголмување на конкурентноста на компаниите во двете земји.

Повеќе инфо на линкот:  https://www.facebook.com/media/set/?set=a.290678231563610&type=3

 

Холандскиот проект “Брилијантен Претприемач“ со динамична содржина е воден од страна на жени, за жени претприемачи кои водат средни бизниси во целиот свет чија крајна цел е воведување на менторски систем.

Холандската амбасада во Република Македонија заедно со носителите на “Брилијантен Претприемач“ програмата, ги одбраа Олгица Илоска, Силвана Пендовска и Гордана Зрињи, наши оснивачи да бидат дел од оваа шестмесечна програма, која се базираше на индивидуалниот талент на секоја жена претприемач и нуди интензивна обука, matchmaking и техничка поддршка во бизнис иновации.

Во процесот на менторирање, нашите оснивачи ги споделуваа своите знаења и како искусни професионалци ги поставуваа темелите за идни иницијативи за јакнење на капацитетите кај жените.

Програмата се состоеше од 3 Модули, од кои првиот беше во Велес, Република Македонија, вториот во Холандија и третиот во Скопје, Република Македонија. Исто така, во програмата беше имплементирано и менторирањето кое почна и заврши заедно со овој проект.

Првиот модул започна на 25.11.2016 и своја успешна завршница имаше со третиот на 27.05.2016.

Во програмата покрај нашите оснивачи Олгица, Силвана и Гордана, учествуваа и 17 жени претприемачи од Косово и Албанија.

vo Svetot

2013  Бизнис форум во Малме  Шведска

Организиран за  бизнис жени од Р.М со Федерацијата на шведските стопанственици и бизнис центарот во Малме. Реализиран со поддршка на шведските стопанственици од Малме и здружението на жени менаџери Елит .

Координарор  Ленка Угриновска .

На овој бизнис форум  присуствуваа и имаа свое излагање : македонскиот  Амбасадор во Шведска г-ин Кире Илиоски, Претседателката на Федерацијата на шведски стопанственици, г-ѓа Ана Фрост , бизнис директорот на градот Малме  г-Пехр Андерсон  и дриги јавни личности од градот Малме.

Од директните средби Б2Б меѓу бизнис жените од Р.  Македонија и Шведска следеше дирекна соработка помеѓу компаниите од двете земји.

Здруженито Елит склучи Договор за соработка со бизнис жените од градот Малме.

 

2009 година, Mалме, Шведска

Бизнис Форум за вмрежување на членките на Елит со Асоцијацијата на бизнис жени од Малме. Проектот е реализиран со самофинансирање.

Координатотр  Ленка Угриновска.

Од овој бизнис форум произлегоа 4 гранта од шведската влада за 4 македонски компании во сопственост на жени врз основа на склучено партнерство со шведски компании од различни области(текстил,туризам и прехрана)