Здружението како дел од мрежата на невладиниот сектор ќе ги помага и поддржува сите иницијативи поврзани со :
- Истражување насочено кон воочување на основните проблеми и можности за подобрување на положбата на жените на пазарот на труд.
- Активности во правец на помагање на социјално загрозените жени, преку самовработување.
- Право на социјална помош, согласно законската регулатива.
- Правна помош за жените и нејзините загарантирани права.
- Поддршка на трибини и кампањи за правата на жените.
- Превземање на активности во поглед на развивање на свеста за еднаквоста на половите и за избегнување на конфликти и алтернативно решавање на споровите од тој вид.
- Грижа кон жените од руралните области и самохраните мајки.
- Посебна грижа кон хендикепираните жени и старата женска популација.
- Поголема здравствена грижа и пристап до квалитетни здравствени заштитни информативни служби.
- Активности за унапредување на истражувањата за здравјето на жената.
- Подигнување на свесноста за семејното насилство и пренесување на податоци за болестите кои ги напаѓаат жените.
- Елиминирање на насилството врз жените во правниот и јавниот живот.