Проект „Големо срце“

Проект „Големо срце“

Здружението на жени менаџерки „Елит“,на 09.02.2024 год. традиционално, трета година по ред ја додели наградата „Големо срце“ на Мариа Дуда, моќна млада  жена која прави добрини преку нејзиниот социјален бизнис. Таа има свој ранч “The country side“ во село Ранковце, кај Крива Паланка, каде што ги вдомува болните животни, ги лекува, а потоа тие, особено коњите ги лекуваат децата од ранливите групи со хипотерапија. На тој начин таа го развива својот социјален бизнис и ги усреќува децата и болните луѓе кои во друштво на животните ја забораваат својата тага, болка и недостатци. 

Годинава плакатата  „Големо срце“ ја додели членката на Здружението на жени менаџерки  „Елит“Андреа Илоска,  менаџерка на „Инекс Олгица “- Охрид која е ќерка на починатата потпреседателка на „Елит“ Олгица  Илоска во чија чест се доделува оваа награда. 

Исто така ЗЖМ Елит донираше  финансиски средства кои ќе  се искористат за ветеринарни услуги и нега  на  животните, кои пак преку својата љубов ќе ги направат среќни децата, но и возрасните  со посебни потреби.

Со тоа  продолжуваме со  визијата да го направиме светот подобар и подостоинствен за сите.

Трибина „Бизнис и убавина”

Трибина  „Бизнис и убавина”

На 26 во декември во Универзитетот Скопје одржавме уште една успешна трибина  „Бизнис и убавина” каде говорнички беа Весна Ристевска од здружението на жени „Оснажени” од Нови Сад која ја презентираше нивната регионална платформа на жени претприемачи и Сузана Блажевска од АфродитаС која ги презентираше најновите трендови во козметиката.

Беа доделени благодарници на повеќе членки за нивната посветеност за реализација на програмските активности на Елит и јакнењето на женското лидерство во бизнисот.

17-то доделување на признанијата на Цветот на успехот-Жена Змај за 2023 година

17-то доделување на признанијата на Цветот на успехот-Жена Змај за 2023 година

На покана на Асоцијасијата на бизнис жени на Србија, на 30 октомври во Белград, претставнички од Здружението на жени менаџери Елит присуствуваа на свечената манифестација по повод нивната 25 годишница и прогласувањето на Цветот на успехот-Жена Змај.

Договорена е поголема соработка и заеднички активноси со нивната Асоцијација.

Избор за ЖЕНА ЛАВИЦА 2023

Избор за ЖЕНА ЛАВИЦА 2023

Оваа година Признанието ЖЕНА ЛАВИЦА за 2023 година е доделено на Проф. д-р Виолета Миленковска, професор на Универзитетот Скопје врз основа на нејзината улога за придонесот во развојот  на образованието, пренесување на менаџерските вештини и знаење на младите , како и заложби за  поттикнуваање и развој на женското претприемништво и лидерство.

На 09.11.2023 год. Здружението на жени менаџери ЕЛИТ одржа трибина на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ на Универзитетот Скопје

На 09.11.2023 год. Здружението на жени менаџери ЕЛИТ одржа трибина на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ на Универзитетот Скопје

Овој охрабрувачки настан е дизајниран исклучиво за жени лидерки како вас/нас, и ветува инспиративно патување кон искористување, зачувување и трансформирање на енергијата во секој аспект од вашиот професионален и личен живот.

Темата ја одразува нашата посветеност за зголемување на знаењето, енергизирање на духот и подигање женските лидерски вештини.

Говорничката Македонка Димитрова од Институтот за одржливост сподели вредни сознанија за тоа како можете да ја оптимизирате употребата на енергија, да ги намалите трошоците и да придонесете за одржлива иднина. Како жени лидерки, имаме единствена можност да ги насочиме нашите организации кон одржливи практики, намалувајќи го влијанието врз животната средина, а истовремено зголемувајќи ја профитабилноста.

Говорничката Ирена Јакимова од Инспирит Коучинг говореше на тема :Личната енергија како ресурс на работното место

Да се откријат методите  и техниките  за ефикасно управување со вашата лична енергија од Вашата благосостојба е клучна за вашето лидерско патување. Во свет каде што барањата за нашето време и енергија можат да бидат немилосрдни, од клучно значење е да научиме како да правиме свесни избори, да ја насочиме нашата енергија кон нашите цели и да се осигуриме дека нема да се исцрпиме себеси во тој процес.

Дека „Животот е чудо “ говореше  Мирјана Марковска од здружението Хоуп која го промовираше ова здружение за поддршка на луѓето со афзија.

Номинација

На годишниот светски Економски форум на жените лидерки Г100 одржан во Њу Делхи , Индија од 27-31 декември во Индија, нашата претседателка Угриновска Ленка беше номинирана и доби  две признанија:

Жена на деценијата 

-Пoчесен доктор на науки од индискиот Универзитет Jharkhand Rai .

Еве го нејзиното обраќање по повод добиените награди на Форумот:

Thank you so much for the award and honoris nomination as well as the invitation to the Annual WEF 2022 – G100 meetings

For me, the Women Economic Forum decade award and the award of an honorary doctorate from Jharmend Rai University in India represent pride and joy, but also a great inspiration to continue my mission in the future, not only in Macedonia but also in the region.  

Women are strong, but also vulnerable, and our mission is to assist and encourage them, particularly the vulnerable, as well as those who need a little encouragement, to pursue new opportunities, grow their businesses, or network for a greater cause and the long-term development of our communities.

We, women, are gentle, but our strength comes from our commitment and actions. Each of our successes is a new challenge for us to make changes that will change the world. Our mission is to make the world a better place for everyone.

Осми март 2023

8 март 2023

Членките на Елит достојно  го одбележаа 8-ми март присуствувајќи на многубројни манифестации организирани по овод овој значаен празник кој га симболизира нашата постојана борба за родова еднаквост и човекови права: Наши претставнички имаше  на меѓународниот бизнис форум на жени лидерки на Универзитетот Скопје, на Пленарната седница на Клубот на пратенички во Собранието, Црвениот Крст, Панел дискусија во Кабинетот на претседателот оргнизирана од г-ѓа Елизабета Ѓергиеваска и ЖГИ Антико и маршот на жените.

ПРОЕКТ „ГОЛЕМО СРЦЕ“

ПРОЕКТ „ГОЛЕМО СРЦЕ“

Оваа година, традиционалната награда „ГОЛЕМО СРЦЕ“ нашето здружение Елит ја додели на тимот од домот за бездомници Момин Поток при Црвениот Крст за нивните заложби и посветеност да помогнат на една од најранлиливите грпи ,бездомниците  и нивната подадена рака тие да се чуствуваат достоинствено.

Веруваме дека нашате активности , доделување оброк, топла облека, медикаменти, лекарства, средства за лична хигиена и др. на бездомниците предизвика тие  барем за момент се чуствуваат среќно  и ќе поттикне и другите  да го сторат тоа и шират добрини за подобар свет за сите.

Подадете рака за насмевка и среќа!!!

Избор на ЖЕНА ЛАВИЦА 2022

Избор на ЖЕНА ЛАВИЦА 2022

На 06.12.2022 се одржа традиционалната мананифестција Избор на ЖЕНА ЛАВИЦА за 2022 година на Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје

На оваа манифестација , претседателката на Здружението Елит даде Извештај за работата и проектните активности на Елит во 2022 година. Беше даден осврт и презентација на европскиот проект „Потпри се на младите“

Врз основа на добиените предлози и гласови , Признанието ЖЕНА ЛАВИЦА за 2022 година го доби Весна Миладинва за нејзината истрајност, инспиративност, посветеност кон сите, хуманост и професиналност во сите полиња од животот.

Жените како Весна го прават животот подобар за сите